User Manual
106 | Македонски
1 609 92A 2ZV | (22.6.16) Bosch Power Tools
Ласерски очила (опрема)
Ласерските очила ја филтрираат околната светлина. На тој начин црвеното
светло на ласерот изгледа посветло за окото.
Не ги користете ласерските очила како заштитни очила. Ласерските
очила служат за подобро препознавање на ласерскиот зрак, но не
заштитуваат од ласерското зрачење.
Не ги користете ласерските очила како очила за сонце или пак во
сообраќајот. Ласерските очила не даваат целосна UV-заштита и го
намалуваат препознавањето на бои.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред.
Не го потопувајте мерниот уред во вода или други течности.
Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не користете средства за
чистење или раствори.
Редовно чистете ги површините околу излезниот отвор на ласерот и притоа
внимавајте на влакненцата.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката
и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови.
Експлозивен цртеж и информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате
прашања за нашите производи и опрема.
OBJ_BUCH-2638-003.book Page 106 Wednesday, June 22, 2016 4:44 PM










