User Manual
Македонски | 105
Bosch Power Tools 1 609 92A 2ZV | (22.6.16)
во полето на самонивелирање од ±4°, ласерските линии повторно светат
непрекинато.
При вибрации или промена на положбата за време на работата, мерниот
уред повторно се нивелира автоматски. По повторното нивелирање,
проверете ја позицијата на хоризонталната одн. вертикалната ласерска
линија во однос на референтните точки за да се избегнат грешки.
Совети при работењето
За обележување, секогаш користете ја само средината на
ласерската линија. Ширината на ласерската линија се менува со
оддалечувањето.
Работа со ознаки на ласерските линии (види слики A–B)
На ласерските линии ќе се прикажат ознаки на исти растојанија, коишто
служат како помош за ориентирање. Растојанијата на ознаките се исти, само
ако мерниот уред е центриран вертикално на ѕидот. Аголот од 90° степени
можете да го контролирате со помош на ласерска целна табла 9.
Поставете го мерниот уред на посакуваното место, вклучете го и оставете да
се израмни. Поставете ја ласерската целна табла 9 со задната страна кон
ѕидот. Центрирајте го мерниот уред, така што вертикалната ласерска линија
поминува низ горната и долната црвена ознака на ласерската целна табла.
Растојанијата на ознаките се меѓусебно зависни од оддалеченоста на
мерниот уред од ѕидот. Одново проверете го аголот од 90° степени, ако ја
промените оддалеченоста.
Работење со статив
Стативот овозможува стабилна мерна подлога што може да се подесува по
висина. Поставете го мерниот уред со прифатот за статив 5 на 1/4"-навој на
стативот и зашрафете го цврсто со шрафот за фиксирање на стативот.
Грубо центрирајте го стативот, пред да го вклучите мерниот уред.
OBJ_BUCH-2638-003.book Page 105 Wednesday, June 22, 2016 4:44 PM










