User Manual

104 | Македонски
1 609 92A 2ZV | (22.6.16) Bosch Power Tools
Вклучување/исклучување
За вклучување на мерниот уред, притиснете на прекинувачот за
вклучување/исклучување 1 нагоре. Веднаш по вклучувањето, мерниот
уред пушта две ласерски линии од излезниот отвор 2.
Не го насочувајте зракот светлина на лица или животни и не
погледнувајте директно во него, дури ни од голема оддалеченост.
За исклучување на мерниот уред, притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување 1 надолу над излезниот отвор за ласерот 2. При
исклучување, осцилирачката единица се блокира.
Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и исклучете го по
употребата. Другите лица може да се заслепат од ласерскиот зрак.
Доколку не го користите мерниот уред, исклучете го, за да заштедите
енергија.
Автоматика за нивелирање
За да работите со автоматика за нивелирање, поставете го мерниот уред на
хоризонтална, цврста подлога или прицврстете го на стативот 3.
По вклучувањето, автоматиката за нивелирање автоматски ги израмнува
нерамнините во полето на самонивелирање од ±4°. Нивелирањето е
завршено штом ласерските линии не трепкаат повеќе.
Доколку не е возможно автоматско нивелирање, напр. бидејќи долната
страна на мерниот уред отстапува повеќе од 4° хоризонталата или мерниот
уред се држи слободно во рака, тогаш ласерските линии трепкаат во бавен
такт и мерниот уред работи без автоматика за нивелирање. Ласерските
линии остануваат вклучени, а двете вкрстени линии не мора да се една кон
друга во прав агол.
За повторно да работите со автоматиката за нивелирање, позиционирајте го
мерниот уред, така што долната страна ќе биде хоризонтално центрирана и
почекајте го самонивелирањето. Штом мерниот уред ќе се најде и израмни
OBJ_BUCH-2638-003.book Page 104 Wednesday, June 22, 2016 4:44 PM