User Manual
72 | Македонски
1 609 92A 0ZB | (8.10.14) Bosch Power Tools
Избор на алатот што се вметнува
Следната табела содржи примери за алати што се вметнуваат. Други алати за вметнување ќе најдете во обемната
програма за опрема на Bosch.
Монтирање/менување на алатот што се вметнува
Доколку треба, изведете го монитираниот алат за
вметнување.
За да го извадите алатот што се вметнува, со внатрешен
шестаголен клуч 8 одвртете го шрафот 7 и извадете го
алатот.
Поставете го алатот што се вметнува (лист за сечење со
вдлабнување 6) на прифатот за алат 5, така што отворите
на алатот ќе се вклопат во прифатот на алатот.
За безбедна и неуморна работа, алатот што се вметнува
може да го поставите во саканата позиција во прифатот за
алат. Поставете го алатот на тој начин што закривувањето
ќе покажува надолу (натписот на алатот да биде од горната
страна, види ја сликата на страната со графички приказ).
Зацврстете го алатот што се вметнува со шраф 7. Добро
зацврстете го шрафот 7 со внатрешен шестаголен клуч 8.
Проверете дали е стабилен алатот за вметнување.
Доколку алатот што се вметнува е погрешно или не е
сигурно зацврстен, може да се олабави за време на
работењето и да предизвика опасност.
Алат за вметнување Материјал Примена
Биметален
сегментен лист за
сечење
Дрвени материјали,
пластика, нежелезни
метали
Разделување и сечење со вдлабнување близу до
рабови, во ќошеви и тешко достапни места;
Пример: кратење на веќе инсталирани подли лајсни или
рамки за врати, сечење со вдлабнување при
прилагодување на подни панели
Основна брусна
плоча за брусни
листови од сери-
јата Delta 93мм
во зависност од
брусниот лист
Брусење на површини на рабови, во ќошеви или тешко
достапни места;
во зависност од брусниот лист, на пр. за брусење на
дрво, боја, лак, камен
HCS-лист за
сечење со
вдлабнување за
обработка на дрво
Дрвени материјали, мека
пластика
Разделување и длабоко сечење со вдлабнување близу
до рабови, во ќошеви и тешко достапни места;
Пример: тесен рез со вдлабнување во масивно дрво за
монтажа на решетка за вентилација
HCS-листови за
сечење со
вдлабнување за
обработка на дрво
Дрвени материјали, мека
пластика
мали резови со разделување и сечење со вдлабнување;
Пример: сечење во мебел за приклучување на кабли
Биметални
листови за сечење
со вдлабнување за
обработка на
метал
Метал (на пр. некалени
клинци, шрафови, мали
профили), нежелезни
метали
мали резови со разделување и сечење со вдлабнување;
Пример: кратење на тесни профили, разделување на
елементи за зацврстување како хефт иглици
HM-Riff сегментен
лист за сечење
Цементни плочки, меки
ѕидни плочки, пластика
зајакната со стаклени
влакна и други
абразивни материјали
Сечење и разделување близу до рабови, во ќошеви и
тешко достапни места;
Пример: вадење на фуги меѓу ѕидните плочки при
поправки, жлебови во плочки, сечење гипс плочи или
пластика
HM-Riff-Delta
плоча
Малтер, остатоци од
бетон, дрво, абразивни
материјали
Турпијање и брусење на цврста подлога;
Пример: вадење на малтер или лепак за плочки (на пр.
при менување на оштетени плочки)
Стругач,
нееластичен
Тепих, облоги Стругање на цврста подлога;
Пример: отстранување на лепак за тепих и плочки
Биметален
сегментен лист со
брановиден раб
Изолационен материјал,
изолациони плочи,
подни плочи, плочи за
изолација на звук,
картон, тепих, гума, кожа
Сечење на меки материјали
OBJ_BUCH-382-011.book Page 72 Wednesday, October 8, 2014 1:17 PM