User Manual

192 | Македонски
1 609 92A 277 | (8.11.16) Bosch Power Tools
По старт на Bosch-апликацијата се воспоставува врска помеѓу мобилниот
терминал и мерниот уред. Доколку се пронајдени повеќе активни мерни уреди,
изберете го односниот мерен уред.
Статусот на поврзување како и активната врска ќе се прикажат на статусната
линија на мерниот уред (a).
Доколку не може да се воспостави врска минути 3 по притискање на копчето
Bluetooth® j, се вклучува Bluetooth® заради заштита на батериите/акумулаторите.
Деактивирање на Bluetooth®- интерфејс
За деактивирање на Bluetooth®-интерфејсот притиснете на копчето Bluetooth® j
или исклучете го мерниот уред. Алтернативно може да се деактивира Bluetooth®-
интерфејсот преку менито „Основни поставки“ (види страна 187).
Совети при работењето
Мерниот уред е опремен со безжичен интерфејс. Треба да се внимава на
локалните оперативни ограничувања, напр. во авиони или болници.
Општи напомени
Приемната леќа 9 и излезот на ласерскиот зрак 8 не смеат да бидат покриени за
време на мерењето.
Мерниот уред не смее да се движи за време на мерењето (со исклучок на
функциите континуирано мерење и мерење на косини). Доколку е возможно,
поставете го мерниот уред на цврста подлога.
OBJ_BUCH-2357-004.book Page 192 Tuesday, November 8, 2016 4:37 PM