User Manual
Македонски | 191
Bosch Power Tools 1 609 92A 277 | (8.11.16)
Листа на последните измерени вредности/пресметки
Мерниот алат ги зачувува последните 10 измерени вредности и нивните
пресметки и ги прикажува во обратен редослед (најпрво последната измерена
вредност/последната пресметка).
Притиснете го копчето i и изберете го копчето p.
Бришење на измерени вредности во листата со измерени вредности
Притиснете го копчето i и изберете го копчето p.
По избирање на копчето h можете да ја избришете или целата
листа со измерени резултати или поединечните измерени
вредности. Со притискање на копчето h се брише избраната
поединечна измерена вредност.
Пренос на податоци на други уреди
Мерниот уред е опремен со Bluetooth®-модул, кој со помош на радио техника
овозможува пренос на податоци до одредени мобилни терминали со Bluetooth®-
интерфејс (напр. смартфон, таблет).
Информации за потребните системски предуслови за Bluetooth®-врска ќе
најдете на интернет страната на Bosch на
www.bosch-pt.com
При пренос на податоци со помош на Bluetooth® може да настанат временски
одложувања помеѓу мобилниот терминал и мерниот уред. Ова може да се случи
поради оддалеченоста на двата уреди или самиот мерен објект.
Активирање на Bluetooth®- интерфејс за пренос на податоци на мобилен
терминал
За активирање на Bluetooth®-интерфејсот притиснете на копчето Bluetooth® j на
мерниот уред. Алтернативно може да се активира Bluetooth®-интерфејсот преку
менито „Основни поставки“ (види страна 187).
Проверете дали Bluetooth®-интерфејсот е активиран на вашиот мобилен
терминал.
За надградба на обемот на функции на мобилниот терминал и за
поедноставување на обработката на податоци имате специјални на располагање
Bosch-апликации (Апл) „PLR measure&go“. Тие може да се преземат во
соодветните продавници во зависност од терминалот:
OBJ_BUCH-2357-004.book Page 191 Tuesday, November 8, 2016 4:37 PM










