User Manual
126 | Македонски
1 609 92A 266 | (1.9.16) Bosch Power Tools
Работење со статив (види слика H)
Стативот 12 овозможува стабилна мерна подлога што може да се
подесува по висина. Поставете го мерниот уред со прифатот за статив
6 на 1/4"-навој на стативот и зашрафете го цврсто со шрафот за
фиксирање на стативот.
Ласерски очила (опрема)
Ласерските очила ја филтрираат околната светлина. На тој начин
црвеното светло на ласерот изгледа посветло за окото.
Не ги користете ласерските очила како заштитни очила.
Ласерските очила служат за подобро препознавање на ласерскиот
зрак, но не заштитуваат од ласерското зрачење.
Не ги користете ласерските очила како очила за сонце или пак
во сообраќајот. Ласерските очила не даваат целосна UV-заштита и
го намалуваат препознавањето на бои.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Мерниот уред складирајте го и транспортирајте го само во
испорачаната заштитна ташна.
Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред.
Не го потопувајте мерниот уред во вода или други течности.
Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не користете
средства за чистење или раствори.
Редовно чистете ги површините околу излезниот отвор на ласерот и
притоа внимавајте на влакненцата.
Во случај да треба да се поправи, пратете го мерниот уред во
заштитната ташна 13.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со
поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните
делови. Експлозивен цртеж и информации за резервни делови ќе
најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку
имате прашања за нашите производи и опрема.
OBJ_BUCH-2142-006.book Page 126 Thursday, September 1, 2016 3:57 PM










