User Manual

Македонски | 121
Bosch Power Tools 1 609 92A 266 | (1.9.16)
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само
батерии од еден производител и со ист капацитет.
Доколку не сте го користеле мерниот уред повеќе време,
извадете ги батериите. Доколку се подолго време складирани,
батериите може да кородираат и да се испразнат.
Употреба
Ставање во употреба
Заштитете го мерниот уред од влага и директно изложување на
сончеви зраци.
Не го изложувајте мерниот уред на екстремни температури
или осцилации во температурата. Напр. не го оставајте долго
време во автомобилот. При големи осцилации во температурата,
оставете го мерниот уред најпрво да се аклиматизира, пред да го
ставите во употреба.
Избегнувајте ги ударите и превртувањата на мерниот уред.
Доколку се оштети мерниот уред, може да се наруши прецизноста.
По тежок пад или удар, споредете ги ласерските линии за контрола
со познатата хоризонтална или вертикална референтна линија.
Исклучете го мерниот уред за време на транспортот. При
исклучувањето, се блокира осцилирачката единица, која би се
оштетила при интензивни движења.
Вклучување/исклучување
За вклучување на мерниот уред притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување 5 во една од позициите „On“ ().
Не го насочувајте зракот светлина на лица или животни и не
погледнувајте директно во него, дури ни од голема
оддалеченост.
За Исклучување на мерниот уред притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување 5 во позиција „Off“. При исклучување,
осцилирачката единица се блокира.
Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и исклучете
го по употребата. Другите лица може да се заслепат од ласерскиот
зрак.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го мерниот уред само доколку
го користите.
Off On On
OBJ_BUCH-2142-006.book Page 121 Thursday, September 1, 2016 3:57 PM