User Manual

118 | Македонски
1 609 92A 266 | (1.9.16) Bosch Power Tools
Не го принесувајте мерниот уред во близина на
пејсмејкери. Магнетот во внатрешноста на мерниот
уред создава поле, кое може да ја наруши
функцијата на пејсмејкерите.
Држете го мерниот уред подалеку од магнетски носачи на
податоци и уреди осетливи на магнет. Поради влијанието на
магнетот, може да дојде до неповратно губење на податоците.
Опис на производот и моќноста
Употреба со соодветна намена
Мерниот уред е наменет за одредување и проверка на хоризонтални
и вертикални линии како и линии во дефиниран агол. Освен тоа,
мерниот уред е наменет за пресметување на агли на објекти.
Мерниот уред е исклучиво наменет за употреба во затворени
простории.
Мерниот уред не е наменет за комерцијална употреба.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на
мерните апарати на графичката страница.
1 Ласерска линија
2 Копче Mode
3 Копче за калибрација Cal
4 Екран
5 Прекинувач за вклучување/исклучување
6 Прифат на стативот 1/4"
7 Поклопец на преградата за батеријата
8 Фиксирање на поклопецот на преградата за батерија
9 Натпис за предупредување на ласерот
On Вклучена автоматика за нивелирање
On Вклучена функција за нагиб со приказ на аголот
Off Исклучен мерен уред
OBJ_BUCH-2142-006.book Page 118 Thursday, September 1, 2016 3:57 PM