User Manual
Македонски | 117
Bosch Power Tools 1 609 92A 266 | (1.9.16)
Мерниот уред се испорачува со натпис за предупредување
(означено на приказот на мерниот уред на графичката страна
со број 9).
Доколку текстот на налепницата за предупредување не е на
вашиот јазик, врз него залепете ја налепницата на вашиот јазик
пред првата употреба.
Не го насочувајте ласерскиот зрак на лица или
животни и не погледнувајте директно во него или
неговата рефлексија. Така може да ги заслепите
лицата, да предизвикате несреќи или да ги оштетите
очите.
Доколку ласерскиот зрак доспее до очите, веднаш треба да ги
затворите и да ја тргнете главата од ласерскиот зрак.
Не вршете никакви промени на ласерскиот уред.
Не ги користете ласерските очила како заштитни очила.
Ласерските очила служат за подобро препознавање на ласерскиот
зрак, но не заштитуваат од ласерското зрачење.
Не ги користете ласерските очила како очила за сонце или пак
во сообраќајот. Ласерските очила не даваат целосна UV-заштита и
го намалуваат препознавањето на бои.
Мерниот уред смее да се поправа само од страна на
квалификуван стручен персонал со оригинални резервни
делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на
мерниот уред.
Не ги оставајте децата да го користат ласерскиот мерен уред без
надзор. Може да ги заслепат другите лица поради невнимание.
Не работете со мерниот уред во околина каде постои опасност
од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина.
Мерниот уред создава искри, кои може да ја запалат правта или
пареата.
Laser radiation. Laser class 2
Do not stare into the beam
14
OBJ_BUCH-2142-006.book Page 117 Thursday, September 1, 2016 3:57 PM










