User Manual

Македонски | 227
Bosch Power Tools 1 609 92A 1KW | (24.5.16)
–Свртете го капачето за вентилација 2 во саканата
позиција.
Подесете ја количината на материјалот за прскање
(види слика J)
(PAINTVolume)
Свртете го тркалцето за подесување 4, за да ја подесите
саканата количина на материјал за прскање:
Степени 1/2/3: апликација на „дрво“,
Степени 3/4/5: апликација наѕид“.
Подесете ја количината за воздух (види слика D)
(AIRVolume)
Поставете го прекинувачот на лизгање 24 на
соодветната апликација за да ја подесите количината на
воздух и притисокот на материјалот за прскање што го
користите.
Навлажнување на тапети
За едноставно отстранување на старите тапети, истите
можете да ги попрскате со топла вода (м
акс. 55 °C).
За ова користете го сивиот додаток со млазница 10.
Работни паузи и транспорт (види слики KL)
За едноставен транспорт на системот за фино
распрскување, на основната единица има рачка за
носење 22 и појас за носење 21.
За време на работењето, основната единица 20 со помош
на појасот за носење 21 може да ја закачите на рамото.
Во паузите при работата, пиштолот за прскање 1 може да
го оставите на рамна работна површина. Не смее да
истекува материјал за прскање.
Пиштолите наполнети со материјал за прскање
секогаш поставувајте ги исправени на рамна
површина. Доколку го легнете пиштолот, од него може
да истече матери
јал за прскање.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
По секоја употреба, темелно исчистете ги
поединечните делови на системот за фино прскање,
особено компонентите што спроведуваат боја.
Правилното чистење е предуслов за беспрекорна и
безбедна работа на пиштолите за прскање. При
недостиг или нестручно чистење нема да се презема
право на гаранција.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш
набавете го од Bosch или специјализирана продавница за
Bosch-електрични апарати, за да го избегнете
загрозувањето на безбедноста.
Чистење (види слика M)
Пиштолите за прскање и резервоарот за материјалот за
прскање секогаш чистете ги со соодветното средство за
разредување (раствор или вода) за користениот
материј
ал за прскање.
Никогаш не ги чистете млазниците и отворите за воздух на
пиштолот за прскање со остри предмети.
Исклучете ја основната единица 20.
Од основната единица 20 како и од пиштолот за
прскање 1 извадете го цревото за вентилација 18 (со
четвртина вртење на бајонет-завртката 19 во правец
Капаче за
вентилација
Млаз за
прскање
Примена
вертикален
плоснат млаз за
хоризонтална
насока на работа
хоризонтален
плоснат млаз за
вертикална насока
на работа
округол млаз за
агли, рабови и
тешко достапни
места
Количина на материјал за прскање Поставка
Премногу материјал за прскање на
површината за прскање:
Количината на
материјал за
прскање мора да
се намали.
Поставете
понизок степен.
Премалку материјал за прскање на
површината за прскање:
Количината на
материјал за
прскање мора да
се зголеми.
Поставете
повисок степен.
Исклучено Апликација на
„дрво“
Апликација на
„ѕид“
редок материјал за
прскање
густ материјал за
прскање
OBJ_BUCH-2024-005.book Page 227 Tuesday, May 24, 2016 10:35 AM