operation manual
Македонски | 215
Bosch Power Tools 2 609 007 771 | (28.2.14)
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за прскање на
дисперзивни бои и латекс бои, бои за лакирање, лазури,
основни бои, проѕирни лакови, средства за бајцување и
масло со растворачи и разредени со боја (ALLPaint).
Електричниот апарат не е наменет за обработка на
раствори, материјали за премачување што содржат
киселина и бои за фасади.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1Пиштол за прскање
2 Капаче за вентилација
3 Преклопна навртка
4 Тркалце за подесување на количината на материјалот
за прскање
5 Прекинувач
6 Прстен за затворање
7 Резервоар за материјалот за прскање
8 Приклучок за цревото (пиштол за прскање)
9 Капаче со млазница (бело: за апликација на „ѕид“)
10 Капаче со млазница (сиво: за апликација на „дрво“)
11 Сито за полнење
12 Кофа за преточување*
13 Игла на млазницата
14 Дихтунг за резервоарот
15 Цевка за вшмукување
16 Отвор за проветрување
17 Канал за бојата
18 Црево за воздух
19 Бајонет-завртка
20 Базна единица
21 Ремен за носење
22 Рачка за носење
23 Гумена лента (држач за цревото)
24 Прекинувач на лизгање за вклучување/исклучување
и регулирање на количината на воздух
25 Четка за чистење
26 Поклопец за филтерот за воздух
27 Приклучок за цревото (основна единица)
28 Преграда за прибор
29 Филтер за воздух
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Информации за бучава/вибрации
Мерни вредности за бучава во согласност со EN 60745 и
EN 50580.
Нивото на звучниот притисок на уредот, оценето со A,
типично изнесува 79 dB(A). Несигурност K=3 dB.
Нивото на звучниот притисок при работењето може да
пречекори и 80 dB(A).
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a
h
(векторски збор на
трите насоки) и несигурност K дадени се во согласност со
EN 60745:
a
h
<2,5m/s
2
, K= 1,5 m/s
2
.
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е
измерено со нормирана постапка според EN 60745 и
може да се користи за меѓусебна споредба на
електричните апарати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на оптоварувањето со вибрации.
Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на
електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се
користи за други примени, со различна опрема, алатот
што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се
одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова
може значително да го зголеми оптоварувањето со
вибрации во периодот на целокупното работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со
вибрации, треба да се земе во обѕир и периодот во кој
уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога
е во употреба. Ова може знач
ително да го намали
оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното
работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и
алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на
дланките, организирајте го текот на работата.
Систем за фино распрскување PFS 3000-2
Број на дел/артикл
3 603 B07 1..
Номинална јачина
W650
Капацитет на транспорт
ml/min 300
Потрошување на време за
нанесување на боја на 2 m
2
мин 1
Волумен на резервоарот за
материјал за прскање
мл 1000
Должина на цревото за
воздух
м 2
Тежина согласно
EPTA-Procedure 01/2003 кг 3,7
Класа на заштита
/ II
Податоците важат за номинален напон [U] од 230 волти. Овие
податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност
од изведбата во односната земја.
OBJ_BUCH-2024-002.book Page 215 Friday, February 28, 2014 9:28 AM