User Manual
42 | Македонски
1 609 92A 26T | (7.9.16) Bosch Power Tools
мерниот уред хоризонтално и почекајте го самонивели-
рањето. Откако мерниот уред повторно ќе се најде во
полето на самонивелирање од ± 4° приказот 5 за режим на
работа свети зелено и се вклучува ласерот.
Надвор од полето на самонивелирање од ±4 °, работе-
њето со автоматиката за самонивелирање не е возможно,
бидејќи не може да се гарантира дека ласерските линии ќе
бидат поставени една кон друга во прав агол.
При вибрации или промена на положбата за време на ра-
ботата, мерниот уред повторно се нивелира автоматски.
По повторното нивелирање, проверете ја позицијата на
ласерските линии одн. зраци на вертикалата во однос на
референтните точки, за да се избегнат грешки.
Работење без автоматика за нивелирање
При исклучена автоматика за нивелирање, мерниот уред
може да го држите слободно во рака или да го поставите на
навалена подлога. Двете ласерски линии не мора да се
вертикално една кон друга.
За да обезбедите паѓање на двете ласерски линии
вертикално една кон друга, позиционирајте го мерниот
уред кон ѕидот во агол од 90°.
Совети при работењето
За обележување, секогаш користете ја само
средината на ласерската линија. Ширината на
ласерската линија се менува со оддалечувањето.
Работење со статив (види слика H)
Стативот 13 овозможува стабилна мерна подлога што
може да се подесува по висина. Поставете го мерниот
уред со прифатот за статив 8 на 1/4"-навој на стативот и
зашрафете го цврсто со шрафот за фиксирање на
стативот.
Работење со ѕиден држач (опрема)
Со ѕидниот држач 14 може безбедно да го прицврстите
мерниот уред на саканата висина.
Монтажа на ѕидниот држач (види слика I): За да го
прицврстите на ѕид, плочата за прифат 16 мора да биде
отворена. Притиснете ги копчињата 15 на двете страни на
плочата за прифат (a), отворете ја плочата за прифат (b),
притиснете ја лесно надолу и оставете ја да се вклопи (c).
За израмнување на мерниот уред по висина, плочата за
прифат 16 може да се помести во подрачје од 6 см нагоре
или надолу. Притоа притиснете ги копчињата 15 на двете
страни на плочата за прифат, поставете ја плочата за
прифат на саканата висина и повторно оставете ја да се
вклопи. Скалата на страната на ѕидниот држач помага при
израмнување по висина.
Прицврстување на ѕидниот држач (види слика J):
Прицврстете го ѕидниот држач 14 со отворена плоча за
прифат 16 што е можно повертикално на ѕидот.
Фиксирајте го за да не исклизнува, на пр. со два шрафа
за прицврстување 17 (обични). Зашрафете го 1/4"-
шрафот 18 на ѕидниот држач во прифатот за статив 8 на
мерниот уред.
Употреба како столен статив (види слика K): Во режимот
на работа Зрак на вертикалата може да се подобри
видливоста на долниот зрак на вертикалата 3, доколку
мерниот уред не се постави директно на една подлога,
туку на затворен ѕиден држач 14.
Притоа поставете го ѕидниот држач што е можно
похоризонтално на цврста, рамна подлога. Притиснете ги
копчињата 15 на плочата за прифат 16 (a). Притиснете ја
плочата за прифат до крај на горниот крај на ѕидниот
држач (b). Свртете ја плочата за прифат надолу (c).
Зашрафете го 1/4"-шрафот 18 на ѕидниот држач во
прифатот за статив 8 на мерниот уред. Оставете ја плочата
за прифат да се вклопи во ѕидниот држач.
Свртете го монтираниот мерен уред на тој начин што
долниот зрак на вертикалата 3 слободно ќе покажува
надолу. Доколку е потребно, повторно лесно отворете ја
плочата за прифат, за да го олабавите 1/4"-шрафот 18
за
израмнување на мерниот уред.
Ласерски очила (опрема)
Ласерските очила ја филтрираат околната светлина. На тој
начин црвеното светло на ласерот изгледа посветло за
окото.
Не ги користете ласерските очила како заштитни
очила. Ласерските очила служат за подобро препоз-
навање на ласерскиот зрак, но не заштитуваат од
ласерското зрачење.
Не ги користете ласерските очила како очила за
сонце или пак во сообраќајот. Ласерските очила не
даваат целосна UV-заштита и го намалуваат препозна-
вањето на бои.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Мерниот уред складирајте го и транспортирајте го само во
испорачаната заштитна ташна.
Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред.
Не го потопувајте мерниот уред во вода или други
течности.
Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не
користете средства за чистење или раствори.
Редовно чистете ги површините околу излезниот отвор на
ласерот и притоа внимавајте на влакненцата.
Во случај да треба да се поправи, пратете го мерниот уред
во заштитната ташна 20.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
OBJ_BUCH-784-010.book Page 42 Wednesday, September 7, 2016 12:16 PM










