User Manual
Македонски | 41
Bosch Power Tools 1 609 92A 26T | (7.9.16)
Монтажа
Ставање/менување на батерии
За работа со мерниот уред се препорачува користење на
алкално-мангански батерии.
За отворање на поклопецот на преградата за батерии 10
притиснете на блокадата 9 и отворете го поклопецот на
преградата за батерии. Ставете ги батериите внатре.
Притоа внимавајте на половите во согласност со приказот
на внатрешната страна на поклопецот од преградата за
батерии.
Ако батериите одн. акумулаторите ослабуваат, тогаш
почнуваат да трепкаат ласерските зраци. Можно е да не
можете повеќе да го промените режимот на работа.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете
само батерии од еден производител и со ист капацитет.
Доколку не сте го користеле мерниот уред повеќе
време, извадете ги батериите од него. Доколку се
подолго време складирани, батериите може да
кородираат и да се испразнат.
Употреба
Ставање во употреба
Заштитете го мерниот уред од влага и директно
изложување на сончеви зраци.
Не го изложувајте мерниот уред на екстремни
температури или осцилации во температурата.
Напр. не го оставајте долго време во автомобилот. При
големи осцилации во температурата, оставете го
мерниот уред најпрво да се аклиматизира, пред да го
ставите во употреба.
Избегнувајте ги ударите и превртувањата на
мерниот уред. Доколку се оштети мерниот уред, може
да се наруши прецизноста. По тежок удар или
превртување, проверете ги ласерските линии односно
ласерските зраци со хоризонтална или вертикална
референтна линија одн. со контролните точки на
вертикалата.
Исклучете го мерниот уред за време на транспортот.
При исклучувањето, се блокира осцилирачката
единица, која би се оштетила при интензивни движења.
Вклучување/исклучување
За вклучување на мерниот уред, притиснете го прекину-
вачот за вклучување/исклучување 7 во позиција „On“.
Веднаш по вклучувањето, мерниот уред пушта две
ласерски линии 1.
Не го насочувајте зракот светлина на лица или
животни и не погледнувајте директно во него, дури
ни од голема оддалеченост.
За Исклучување на мерниот уред притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 7 во позиција
„Off“. При исклучување, осцилирачката единица се
блокира.
Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и
исклучете го по употребата. Другите лица може да се
заслепат од ласерскиот зрак.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го мерниот уред
само доколку го користите.
Видови употреба (види слики A–E)
По вклучувањето, мерниот уред се наоѓа во режим на
вкрстени линии со автоматика за нивелирање.
За да го смените режимот на работа, притискајте на
копчето за режим на работа „Mode“ 6, додека не се
прикаже саканиот режим на работа со светење на
соодветните прикази за начин на работа 5.
Може да избирате помеѓу следниве режими на работа:
Автоматика за нивелирање
Работење со автоматика за нивелирање
(види слики F–G)
Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста
подлога, прицврстете го на ѕидниот држач 14 или на
статив 13.
Изберете еден од начините на работа со автоматиката за
нивелирање.
По вклучувањето, автоматиката за нивелирање автоматс-
ки ги израмнува нерамнините во полето на самонивели-
рање од ±4°. Нивелирањето е завршено штом ласерските
линии одн. зраците на вертикалата не се движат повеќе.
Приказот 5 за актуелниот режим на работа свети зелено.
Доколку автоматското нивелирање не е возможно, напр.
бидејќи површината на која е поставен мерниот уред
отстапува повеќе од 4° од вертикалата, приказот за
автоматика за нивелирање 4 трепка црвено и ласерот
автоматски се исклучува. Во ваков случај, поставете го
Приказ Начин на работа
(зелено)
Режим на вкрстени линии со автоматика за
нивелирање (види слика A): Мерниот уред еми-
тира една хоризонтална и една вертикална ла-
серска линија, чие нивелирање се контролира.
(зелено)
Хоризонтален режим со автоматика за
нивелирање (види слика B): Мерниот уред
емитира една хоризонтална ласерска линија,
чие нивелирање се контролира.
(зелено)
Вертикален режим со автоматика за
нивелирање (види слика C): Мерниот уред
емитира една вертикална ласерска линија, чие
нивелирање се контролира.
(зелено)
Зрак на вертикалата со автоматика за
нивелирање (види слика D): Мерниот уред
емитира два зрака на вертикалата нагоре и
надолу, чие нивелирање се контролира.
(црвен/
зелен)
Режим на вкрстени линии без автоматика за
нивелирање (види слика E): Мерниот уред
емитира две вкрстени ласерски линии, кои
може слободно да се центрираат и не мора да
се поставени хоризонтално една кон друга.
OBJ_BUCH-784-010.book Page 41 Wednesday, September 7, 2016 12:16 PM










