User Manual

Македонски | 221
Bosch Power Tools 1 609 92A 2CC | (30.9.16)
Може да ја промените затезната сила на затворачот на
заштитната хауба 6 со олабавување или затегање на
шрафот за подесување 9. Внимавајте на стабилното
лежиште на заштитната хауба 6 и редовно контролирајте
го.
Совет: Кодираните запци на заштитната хауба 6
гарантираат, дека на електричниот апарат може да се
монтира само една заштитна хауба што му одговара.
Заштитна хауба за сечење
При сечењето со композитни брусни средства
секогаш користете ја заштитната хауба за сечење
15.
При сечењето во камен погрижете се за доволно
вшмукување на правта.
Заштитната хауба за сечење 15 се монтира како заштитна
хауба 6 за брусење.
Хауба за вшмукување при сечење со лизгачки водилки
Заштитната хау
ба за сечење со лизгачки водилки 22 се
монтира како заштитна хауба за брусење 6.
Дополнителна дршка
Користете го вашиот електричен апарат само со
дополнителна дршка 4.
Зашрафете ја дополнителната дршка 4 на десно или на
лево на погонската глава во зависност од начинот на
работа.
Амортизација на вибрациите
Вградената амортизација за вибрации ги намалува
вибрациите кои настануваат во текот на работењето.
Не го употребувајте електричниот апарат, доколку е
оштетен елементот за придушување.
Заштита за дланките
При работа со гумен диск 18 за брусење или со
лончеста четка/четка во вид на плоча/ламелести
брусни дискови во вид на лепеза секогаш користете
ја заштитата за дланки 17.
Зацврстете ја заштитата за дланки 17 со дополнителната
дршка 4.
Монтирање на брусни алати
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Не ги допирајте брусните плочи и брусните плочи за
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
Напомена: Се препорачува употреба на брзозатезна
навртка 13. При употребата на затезната навртка 12 мора
да сметате на зголемената употреба на сила при
олабавување на затезната завртка.
Исчистете го вретеното за брусење 5 и сите делови што
треба да се монтираат.
За зацврстување и олабавување на брусните апарати
притиснете го копчето за блокирање на вретеното 1, за да
го зацврстите вретеното за брусење.
Копчето за блокирање на вретеното активирајте го
само доколку вретеното за брусење е во состојба на
мирува
ње. Инаку електричниот апарат може да се
оштети.
Брзозатезна навртка
Со брзозатезната навртка 13 алатите за брусење може да
се монтираат без дополнителен алат.
Користете само беспрекорни, неоштетени
брзозатезни навртки 13.
При зашрафувањето внимавајте на тоа, испишаната
страна на навртката 13 да не покажува кон брусната
плоча; стрелката мора да покажува кон ознаката на
индексот 25.
Притиснете на копчето за
блокирање на вретеното 1,
за да го зацврстите
вретеното за брусење. За
да ја зацврстите
брзозатезната навртка,
силно завртете ја брусната
плоча во правец на
стрелките на часовникот.
Прописно зацврстената,
неоштетена брзозатезна
навртка може да ја
олабавите со вртење на
нарецканиот прстен во
правец спротивен на
стрелките на часовникот.
Цврсто затегнатата
брзозатезна навртка не ја
одвртувајте со клешти,
туку употребете клуч со
два отвори. Поставете го
клу
чот со два отвори како
на сликата.
Брусни плочи/брусни плочи за сечење
Внимавајте на димензиите на брусните апарати.
Дијаметарот на дупката мора да одговара на приклучната
прирабница. Не користете адаптери или редуктори.
При употребата на дијамантските брусни плочи за сечење
внимавајте на тоа, стрелката за правецот на вртење на
дијамантската брусна плоча за сечење да се поклопува со
правецот на вртење на електричниот апарат (погледнете
ја стрелката за правец на вртење на погонската глава).
Редоследот на монтажата може да се види на графичката
карта.
25
OBJ_BUCH-769-010.book Page 221 Friday, September 30, 2016 11:20 AM