User Manual
Македонски | 219
Bosch Power Tools 1 609 92A 2CC | (30.9.16)
Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни
цевки предизвикува оштетување или може да
предизвика електричен удар.
Деблокирајте го прекинувачот за
вклучување/исклучување и ставете го во позиција
Исклучено, доколку се прекине напојувањето со
струја, на пр. по снемување струја или влечење на
струјниот приклучок. Со тоа ќе спречите
неконтролирано рестартирање на уредот.
Не ги допирајте брусните плочи и брусните плочи за
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
ра
ботењето стануваат многу жешки.
Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за сечење, грубо брусење
и четкање на метални и камени материјали без употреба
на вода.
За сечење со композитни брусни средства мора да се
користи специјална заштитна хауба за сечење.
При сечење во камен мора да се погрижите за и
вшмукувањето на правта.
Со дозволените апарати за брусење електричниот апарат
може да се користи за брусење со брусна хартија.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Копче за блокирање на вретеното
2 Амортизација на вибрациите
3 Прекинувач за вклучување/исклучување
4 Дополнителна дршка (изолирана површина на
дршката)
5 Вретено за брусење
6 Заштитна хауба за брусење
7 Кодирани запци
8 Затезен лост за заштитната хауба
9 Шраф за подесување на заштитната хауба
10 Приклучна прирабница со O-прстен
11 Брусна плоча*
12 Стезна навртка
13 Брзозатезна навртка *
14 Лончеста плоча од цврст метал*
15 З
аштитна хауба за сечење*
16 Брусна плоча за сечење*
17 Заштита за дланките*
18 Гумен брусен диск*
19 Лист за брусење*
20 Тркалезна навртка*
21 Лончеста четка*
22 Хауба за вшмукување при сечење со лизгачка
водилка *
23 Дијамантска брусна плоча за сечење*
24 Рачка (изолирана површина на дршката)
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Аголна брусилка GWS ... 24-230 JVX 24-230 JVX
Број на дел/артикл
3 601 ... H64 Z.. H64 U..
Номинална јачина
W24002400
Излезна моќ
W16001600
Номинален број на вртежи
min
-1
6500 6500
макс. дијаметар на брусните плочи
мм 230 230
Навој на вретеното за брусење
M 14 M 14
макс. должина на навојот за вретеното за брусење
мм 18 18
Податоците важат за номинален напон [U] од 230 волти. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата
во односната земја.
Само за електрични апарати со ограничување на стартната струја: Процесот на вклучување создава краткотрајно паѓање на напонот.
Неповолните мрежни услови може да предизвикаат пречки на другите уреди. При електрични импенданси помали од 0,25 омови нема пречки.
OBJ_BUCH-769-010.book Page 219 Friday, September 30, 2016 11:20 AM