User Manual
100 | Македонски
1 609 92A 270 | (5.9.16) Bosch Power Tools
Опис на производот и моќноста
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на мерниот уред, и држете ја отворена додека го читате
упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Мерниот уред е наменет за детектирање на метали
(железо и неметали, на пр. армирано железо), дрвени
греди, како и кабли што спроведуваат напон во ѕидови,
плафони и подови.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на мерните апарати на графичката страница.
1 Светлечки прстен
2 Отвор за означување
3 Екран
4 Приказ за видот на режим
5 Копче за вклучување-исклучување
6 Копче за осветлување на екранот
7 Копче за сигнален тон
8 Копче за пребарување на кабли коишто спроведуваат
струја/режим на работа „Струен кабел“
9 Копче за пребарување на метал/режим на работа
„Метал“
10 Копче за пребарување на дрвени и метални греди/
режим на работа „Сува градба“
11 Лизгач
12 П
оле на сензор
13 Спецификациона плочка
14 Поклопец на преградата за батеријата
15 Фиксирање на поклопецот на преградата за батерија
16 Држач за врвката
17 Заштитна ташна
18 Врвка за носење
Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака.
Елементи на приказ (види слика A)
a Приказ за исклучен сигнален тон
b Приказ на функцијата за предупредување
c Приказ на видот на објектот „неметален објект“
d Приказ на видот на објектот „немагнетизиран метал“
e Приказ на видот на објектот „магнетизиран метал“
f Приказ на видот на објектот „спроводник на струја“
g Приказ за контрола на температурата
h Приказ на батеријата
i Приказ на мерењето
j Скала за фино подесување
k Приказ „CENTER“
Технички податоци
Монтажа
Вметнување/менување на батеријата
За работа со мерниот уред се препорачува користење на
алкално-мангански батерии.
За да го отворите поклопецот од преградата за батерии 14
притиснете на механизмот за заклучување 15 во правец
на стрелката и отворете го поклопецот. Ставете ги
испорачаните батерии. Притоа внимавајте на половите во
согласност со приказот на внатрешната страна од
преградата за батерии.
Приказот на батеријата h секогаш го покажува
моменталниот статус на батеријата:
–Батеријата е целосно наполнета
–Батеријата има 2/3 капацитет или помалку
–Батеријата има 1/3 капацитет или помалку
– Ве молиме заменете ја батеријата
Доколку не сте го користеле мерниот уред подолг
период, извадете ја батеријата. При подолго
складирање, батериите може да кородираат или да се
испразнат.
Употреба
Заштитете го мерниот уред од влага и директно
изложување на сончеви зраци.
Дигитален детектор GMS 120
Број на дел/артикл 3 601 K81 0..
макс. регистрирање на
длабочина
1)
– Железни метали
– Неметали (бакар)
– Кабли коишто спроведуваат
струја 110–230 V (при прим.
напон)
2)
– Дрво
120 мм
80 мм
50 мм
38 мм
Автоматика за исклучување по
околу
5мин
Температура при работа
–10 °C...+50 °C
Температура при складирање
–20 °C...+70 °C
Батерија
1 x 9 V 6LR61
Времетраење на работа околу
5 ч
Тежина согласно
EPTA-Procedure 01:2014
0,27 кг
Вид на заштита
IP 54 (заштита од прав
и прскање на вода)
1) во зависност од режимот на работа, материјалот и големината на
објектот, како и материјалот и состојбата на подлогата
2) помала длабочина на регистрација кај кабли кои не спроведуваат
струја
Резултатот од мерењето може да биде полош во поглед на
точноста и регистрирањето на длабочината доколку
својствата на подлогата се неповолни.
OBJ_BUCH-1222-007.book Page 100 Monday, September 5, 2016 4:56 PM










