Specifications

110 | Македонски
3 609 929 C46 | (11.6.13) Bosch Power Tools
Монтирање на дополнителната дршка (види
слика A)
Користете го вашиот електричен апарат само со
дополнителна дршка 3.
Зашрафете ја дополнителната дршка 3 на десно или на
лево на погонската глава во зависност од начинот на
работа.
Поставување на додатокот за брусење (види
слика B)
Отворете го затезниот лост 5 целосно пред
поставување на додатокот за брусење 10.
Навалувајте го додатокот за брусење 10 во зависност
од вашите работни услови и работна позиција.
Затворете го затезниот лост 5 и зацврстете го.
Напомена: Затезниот лост 5 има слободен тек, за да може
да се врти во удобна положба за заштеда на простор.
На зацврстениот затезен лост 5 тргнете ја дршката од
погонската глава, свртете ја во саканата позиција и
повторно зацврстете ја.
Менување на брусната лента (види слика C)
Олабавете го шрафот за прицврстување 9 и извадете го
капакот од куќиштето 8.
Притиснете го додатокот за брусење 10 на потпорната
површина 14 на цврст предмет (на пр. работна плоча)
додека не се прицврсти додатокот за брусење 10.
Демонтирајте ја брусната лента 12.
Ставете ја новата брусна лента 12 најпрво на
погонскиот валјак 7 и на крај валјакот за промена на
правецот 13. Внимавајте на тоа, да соодветствуваат
правците на стрелките на внатрешната страна на
брусната лента (доколку има) и капакот на куќиштето 8
на електричниот апарат. Повторно отпуштете го
додатокот за брусење 10, така што брусната лента 12 ќе
се затегне.
Монтирајте го капакот на куќиштето 8 со шраф за
прицврстување 9.
Евентуално поставете го текот на лентата, види дел
Поставување на текот на лентата“.
Поставување на текот на лентата (види слика D)
Текот на лентата поставувајте го само доколку
електричниот апарат е исклучен од струја.
Вртете го шрафот за подесување 1 додека брусната лента
12 не легне центрирано на валјакот за промена на
правецот 13.
Избор на брусна лента
Во согласност со материјалот што се обработува и обемот
на стругање на површината, на располагање ви се
различни брусни ленти:
Напомена: Во зависност од видот на употребата и
материјалот што се обработува може да користите
еластични или нееластични брусни ленти.
Менување на рачката за брусење (види
слика E)
Извадете ја брусната лента 12 (види дел „Менување на
брусната лента“).
Отшрафете го шрафот за подесување 1 и извадете ја
рачка за брусење 16.
Наместете ја новата рачка за брусење 16 и зацврстете
ја со шрафот за подесување 1.
Внимавајте на тоа, рачката за брусење 16 да е
монтирана како на слика E во правилна ориентација.
Поставете ја брусната лента 12 (види дел „Менување на
брусната лента“).
Поставете го текот на лентата (види дел „Поставување
на текот на лентата“).
Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 волти исто така може да се користат и на
220 волти.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот апарат, лизнете
го прекинувачот за вклучување/исклучување 4 нанапред.
За да го исклучите електричниот апарат, турнете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 4 наназад.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Претходно избирање на брзината на движење на
лентата
Користете брзина на движење на лентата соодветна
на намената, за да избегнете оштетување на
материјалот.
Со копчето за подесување на брзината на движење на
лентата 6 може да ја изберете потребната брзина на
движење на лентата и за време на користењето на
апаратот.
Неопходната брзина на движење на лентата зависи од
материјалот и работните услови и може да се одреди при
практична примена.
Доколку користите волнена лента, поставете
максимален степен на број на вртежи 4. Инаку
волнената лента ќе стане жешка.
Гранулација
За брусење на суви материјали
и пред-брусење грубо 40, 60
За структурирање и
израмнување на мали
нерамнини средно 80, 120
За фино структурирањефино
180
Ленти со волна
ПолирањеЛенти со волна
Гранулација
OBJ_BUCH-1841-002.book Page 110 Tuesday, June 11, 2013 1:11 PM