User Manual
60 | Македонски
1 609 92A 278 | (9.12.16) Bosch Power Tools
За израмнување никогаш не ги користете ласерските линии, коишто
мерниот уред на подот ги проектира на ѕидот. Мерниот уред нема
самонивелирачка функција, па затоа линијата на ѕидот е искривена.
Референтната точка за израмнување на плочки е точка на пресек P
на ласерските линии директно пред мерниот уред. За да пренесете
агол, мерниот уред мора да се сврти на оваа точка на пресек, види
слика E.
Поставувајте го мерниот уред само на чист ѕиден држач 13. На
нерамна, извалкана површина на ѕидниот држач мерниот уред не може
да стои рамно и може да доведе до погрешни резултати при мерењето.
Позиционирање на мерниот уред
При работење на подови поставете го мерниот уред со подната плоча 10 на
подот. Поставете го со T-работ 7 на ѕид, така што 0°-ласерска линија ќе
поминува паралелно со референтната линија (на пр. ѕидот) види слика A.
Измерете го растојанието помеѓу ласерската линија и референтната линија
директно на мерниот уред на што е можно поголемо растојание од мерниот
уред. Израмнете го мерниот уред, така што двете растојанија ќе бидат со
еднаква големина.
При работење на ѕид најпрво прицврстете го ѕидниот држач 13 на ѕидот, на
пр. така што едниот отвор на ѕидниот држач ќе го прицврстите на завртка,
која што е малку издадена од ѕидот. Потоа цврсто затегнете ја завртката, за
да го фиксирате ѕидниот држач, види слика D. Поставете го мерниот уред со
магнетите 8 на долната страна на подната плоча 10 на ѕидниот држач 13.
Либелите 3 и 5 помагаат за прецизно позиционирање на ласерската линија
на ѕидот.
–При хоризонтално израмнување меурчето мора да се наоѓа во рамки на
ознаката на либелата 3 којашто лежи во продолжение на хоризонталната
ласерска линија, види слика A.
–При дијагонално израмнување меурчето мора да се наоѓа во рамки на
ознаката на либелата 5, види слика B.
Ласерски очила (опрема)
Ласерските очила ја филтрираат околната светлина. На тој начин црвеното
светло на ласерот изгледа посветло за окото.
Не ги користете ласерските очила како заштитни очила. Ласерските
очила служат за подобро препознавање на ласерскиот зрак, но не
заштитуваат од ласерското зрачење.
Не ги користете ласерските очила како очила за сонце или пак во
сообраќајот.
Ласерските очила не даваат целосна UV-заштита и го
намалуваат препознавањето на бои.
Примери за работа
Поставување со квадратна мостра на плочка (види слика A)
Поставете го мерниот уред во еден ќош, така што 0°-ласерска линија ќе
поминува паралелно со ѕидот, а T-работ 7 на мерниот уред ќе налегнува на
ѕидот. Поставете ја првата квадратна плочка на точката на пресек на 0°- и
90°-ласерска линија.
Поставување со дијагонална мостра (види слика B)
Поставете го мерниот уред на тој начин што 90°-скала 6 директно ќе
налегнува на ѕидот. Започнете со првата дијагонална плочка на точката на
пресек P.
Поплочување од раб (види слика C)
Поставете го мерниот уред со L-работ 11 на работ од каде што сакате да
почнете да поплочувате. 90°-ласерска линија треба да поминува паралелно
во однос на работ. 0°-ласерска линија го означува долниот ред со плочки.
OBJ_BUCH-994-007.book Page 60 Friday, December 9, 2016 3:42 PM










