User Manual

Македонски | 59
Bosch Power Tools 1 609 92A 278 | (9.12.16)
Монтажа
Ставање/менување на батерии
За работа со мерниот уред се препорачува користење на алкално-
мангански батерии.
За отворање на поклопецот на преградата за батерии 9 притиснете на
блокадата 12 и отворете го поклопецот на преградата за батерии. Ставете ги
батериите. Притоа внимавајте на правилната позиција на половите на
батериите во зависност од приказот на внатрешната страна од преградата за
батерии.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од
еден производител и со ист капацитет.
Доколку не сте го користеле мерниот уред повеќе време, извадете ги
батериите. Доколку се подолго време складирани, батериите може да
кородираат и да се испразнат.
Употреба
Ставање во употреба
Заштитете го мерниот уред од влага и директно изложување на
сончеви зраци.
Не го изложувајте мерниот уред на екстремни температури или
осцилации во температурата. Напр. не го оставајте долго време во
автомобилот. При големи осцилации во температурата, оставете го
мерниот уред најпрво да се аклиматизира, пред да го ставите во
употреба.
Избегнувајте ги ударите и превртувањата на мерниот уред. Доколку
се оштети мерниот уред, може да се наруши прецизноста. По тежок удар
или превртување, проверете ги ласерските линии односно ласерските
зраци со хоризонтална или вертикална референтна линија одн. со
контролни ласерски точки.
Вклучување/исклучување
За вклучување на мерниот уред притиснете еднаш на прекинувачот за
вклучување/исклучување 1. Веднаш по вклучувањето, мерниот уред пушта
две ласерски линии 0° и 90°.
Не го насочувајте зракот светлина на лица или животни и не
погледнувајте директно во него, дури ни од голема оддалеченост.
За исклучување на мерниот уред одново притиснете на прекинувачот за
вклучување/исклучување 1.
Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и исклучете го по
употребата. Другите лица може да се заслепат од ласерскиот зрак.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го мерниот уред само доколку го
користите.
Совети при работењето
Мерниот уред ставајте го секогаш рамно на подот одн. прицврстете
го рамно на ѕидот. При нерамно поставување одн. прицврстување,
аголот не е еднаков на 90°.
За подни плочки не ги користете либелите 3 и 5, за да го израмните
мерниот уред. Либелите 3 и 5 служат за израмнување на ѕид. При
поставување на подни плочки меурчињата на либелите можат да стојат во
рамки на ознаката, без притоа мерниот уред да стои рамно.
За обележување, секогаш користете ја само средината на
ласерската линија. Ширината на ласерската линија се менува со
оддалечувањето.
OBJ_BUCH-994-007.book Page 59 Friday, December 9, 2016 3:42 PM