operation manual
Македонски | 237
Bosch Power Tools 1 609 92A 2U5 | (27.2.17)
– Свртете го мерниот уред за 180°. Позиционирајте го на
тој начин, што средината на долната ласерска точка ќе
лежи на веќе обележаната точка II. Оставете го
мерниот уред да се нивелира. Обележете ја средината
на горната ласерска точка (точка III).
– Разликата d на двете означени точки I и III на плафонот
го дава фактичкото отстапување на мерниот уред од
вертикалата.
Максималното дозволено отстапување d
макс
ќе го
пресметате на следниот начин:
d
макс
=двојно растојание меѓу подот и таванот x 0,7 mm/m
Пример: При растојание меѓу подот и таванот од 5 m
максималното отстапување смее да изнесува
d
макс
=2x5mx0,7mm/m=7mm. Ознаките смеат да се
одвоени најмногу 7 mm една од друга.
Совети при работењето
За обележување користете ја секогаш средината на
ласерската точка одн.ласерската линија. Големината
на ласерската точка одн. ширината на ласерската
линија се менува согласно растојанието.
Мерниот уред е опремен со безжичен интерфејс.
Треба да се внимава на локалните оперативни
ограничувања, напр. во авиони или болници.
Работење со статив (опрема)
Стативот нуди стабилна подлога подеслива по висина.
Поставете го мерниот уред со 1/4"-прифатот на стативот
16 на навојот на стативот 30 или на обичен статив за
камера. Зацврстете го мерниот уред со завртка за
фиксирање на стативот.
Грубо центрирајте го стативот, пред да го вклучите
мерниот уред.
Прицврстете со универзален држач (опрема)
(види слика G)
Со помош на универзален држач 25 може да го
прицврстите мерниот уред напр. на вертикални
површини, цевки или магнетизирани материјали.
Универзалниот држач и исто така погоден и како поден
статив и го олеснува подесувањето по висина на мерниот
уред.
Грубо центрирајте го универзалниот држач 25, пред да го
вклучите мерниот уред.
Работење со целна табла за ласерот (види слика G)
Целната табла за ласерот 34 ја подобрува видливоста на
ласерскиот зрак при неповолни услови и големи
растојанија.
Рефлектирачката половина на целната табла на ласерот
34 ја подобрува видливоста на ласерската линија, низ
транспарентната половина ласерската линија е видлива и
од задната страна на целната табла на ласерот.
Ласерски очила (опрема)
Ласерските очила ја филтрираат околната светлина. На тој
начин светлото на ласерот изгледа посветло за окото.
Примери за работа (види слики B2–F2, G и H)
Примери за можностите на примена на мерниот уред ќе
најдете на графичките страници.
Мерниот уред ставајте го секогаш блиску до површината
или работ, коишто треба да се проверат, и оставете го да
се изнивелира пред почетокот на секое мерење.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред.
Не го потопувајте мерниот уред во вода или други течности.
Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не
користете средства за чистење или раствори.
Редовно чистете ги површините околу излезниот отвор на
ласерот и притоа внимавајте на влакненцата.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Транспорт
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на
Законот за опасни материјали. Батериите може да се
транспортираат само од страна на корисникот, без
потреба од дополнителни квалификации.
180°
d
OBJ_BUCH-2870-004.book Page 237 Monday, February 27, 2017 3:47 PM










