operation manual
236 | Македонски
1 609 92A 2U5 | (27.2.17) Bosch Power Tools
– Поставете го мерниот уред по висина (со помош на
стативот или евентуално со подлогата), така што
средината на ласерските линии точно ќе ја погоди
претходно означената точка II на ѕидот B.
–На ѕидот A обележете ја средината на ласерската линија
како точка III (вертикално над или под точката I).
– Разликата d на двете означени точки I и III на ѕидот A го
дава фактичкото отстапување на мерниот уред од
хоризонталата.
Максималното дозволено отстапување d
макс
ќе го
пресметате на следниот начин:
d
макс
=двојно растојание меѓу ѕидовите x 0,3 mm/m
Пример: При растојание меѓу ѕидовите од 5 m,
максималното отстапување смее да изнесува
d
макс
=2x5mx0,3mm/m=3mm. Ознаките смеат да
лежат најмногу 3 mm една од друга.
Проверка на точноста на нивелирањето на
вертикалната линија
За контрола потребен ви е отвор од вратата, каде (на
цврста подлога) на секоја страна од вратата има место од
најмалку 2,5 м.
– Поставете го мерниот уред на 2,5 м растојание од
отворот на вратата на цврста, рамна подлога (не на
статив). Оставете го мерниот уред да се нивелира во
режим на вкрстени линии, и насочете ги ласерските
линии кон отворот на вратата.
– Означете ја средината на вертикалната ласерска линија
на подот од отворот на вратата (точка I), на 5 м
растојание од другата страна на отворот од вратата
(точка II) како и на горниот раб на вратата од отворот
(точка III).
– Поставете го мерниот уред на другата страна на отворот
од вратата директно зад точката II. Оставете го мерниот
уред да се нивелира и насочете ја вертикалната
ласерска линија така што нејзината средина ќе
поминува точно низ точките I и II.
– Разликата d помеѓу точката III и средината на
ласерската линија на горниот раб на отворот на вратата
го дава точното отстапување на мерниот уред од
вертикалата.
– Измерете ја висината на отворот од вратата.
Максимално дозволеното отстапување d
max
може да го
пресметате на следниот начин:
d
max
=двојна висина на отворот од вратата x 0,3 мм/м
Пример: При висина на точките од вратата од 2 м,
максималното отстапување смее да изнесува
d
max
=2x2мx0,3мм/м =1,2мм. Ознаките смеат да
лежат најмногу 1,2 мм една од друга.
Проверка на точноста на ласерскиот сноп
За проверката потребна ви е слободна мерна линија на
цврста подлога со растојание од околу 5 м помеѓу подот и
плафонот.
– Монтирајте го мерниот уред на ротациониот држач и
поставете го на подот.
– Вклучете го мерниот уред и оставете го да се нивелира.
– Означете ја средината на горната точка на вкрстување
на плафонот (точка I). Освен тоа, обележете ја
средината на долната ласерска точка на подот
(точка II).
2,5 m
2,5 m
2 m
d
5 m
OBJ_BUCH-2870-004.book Page 236 Monday, February 27, 2017 3:47 PM










