operation manual

234 | Македонски
1 609 92A 2U5 | (27.2.17) Bosch Power Tools
Работење без автоматика за нивелирање
Далечинско управување со помош на
Bluetooth®
Мерниот уред е опремен со Bluetooth®-модул, којшто со
помош на безжична технологија дозволува далечинско
управување со помош на Smartphone со Bluetooth®-
интерфејс.
Информации за потребните системски предуслови за
Bluetooth®-врска ќе најдете на интернет страната на
Bosch на
www.bosch-pt.com
При далечинско управување со помош на Bluetooth® може
да настанат временски одложувања помеѓу мобилниот
терминал и мерниот уред поради лоши услови за прием.
За далечинско управување на располагање стојат Bosch-
апликации (Apps). Тие може да се преземат во
соодветните продавници во зависност од терминалот:
Вклучете го Bluetooth®
За вклучување на Bluetooth®, притиснете го копчето
Bluetooth® 3. Проверете дали Bluetooth®-интерфејсот е
активиран на вашиот мобилен терминал.
По старт на Bosch-апликацијата се воспоставува врска
помеѓу мобилниот терминал и мерниот уред. Доколку се
пронајдени повеќе активни мерни уреди, изберете го
односниот мерен уред. Доколку е пронајден само еден
активен мерен уред, се воспоставува автоматска врска.
Поврзува
њето се воспоставува, кога приказот
Bluetooth® 2 свети.
Поврзувањето Bluetooth® може да биде прекинато поради
големото растојание или пречки помеѓу мерниот уред и
мобилниот терминал, како и поради електромагнетски
извори на пречки. Во овој случај трепка приказот
Bluetooth®.
Исклучување на Bluetooth®
За исклучување на Bluetooth®, притиснете го копчето
Bluetooth® 3 или исклучете го мерниот уред.
Точност при нивелирање
Влијанија на точноста
Најголемо влијание врши околната температура. Особено
температурните разлики кои се движат од подот нагоре
може да го пренасочат ласерскиот зрак.
Бидејќи температурните разлики се најголеми во близина
на подот, мерниот уред треба да се монтира секогаш на
статив почнувајќи од мерната линија од 20 м. Доколку е
возможно, поставувајте го мерниот уред во средината на
работната површина.
Освен надворешните влијанија, до отстапување може да
доведат и влијанијата специфични за уредот (како напр.
падови или јаки потреси). Затоа, пред секој почеток на
работа проверете ја точноста на нивелирањето.
Најпрво проверете ја точноста на висините како и
нивелирањето на хоризонталната ласерска линија, а потоа
точноста на нивелирањето на вертикалната ласерска
линија.
Доколку, при некоја од проверките, мерниот уред го
пречекори максималното мерно отстапување, дајте го на
поправка во сервисната служба на Bosch.
Проверка на точноста на висината на хоризонталната
линија
За проверката потребна ви е слободна мерна линија од
5 м на цврста подлога помеѓу два
ѕида A и B.
Монтирајте го мерниот уред во близина на ѕидот A на
еден статив или поставете го на цврста, рамна подлога.
Вклучете го мерниот уред. Изберете го режимот на
вкрстени линии со автоматиката за нивелирање.
Хоризонтален
линиски
режим
Вертикален
линиски
режим
Точкаст
режим
Приказ 5 за работење без
автоматика за нивелирање
Слика
Копче за вклучување/исклучу-
вање 18 во позиција „“
црвено F1
Режим на вкрстени линии
1 x притискајте –црвено
2 x притискајте
–црвено
3 x притискајте
црвено F1
Режим на вкрстени линии
Laser
Laser
Laser
OBJ_BUCH-2870-004.book Page 234 Monday, February 27, 2017 3:47 PM