operation manual

232 | Македонски
1 609 92A 2U5 | (27.2.17) Bosch Power Tools
Доколку не сте го користеле мерниот уред повеќе
време, извадете ги батериите. Доколку се подолго
време складирани, батериите може да кородираат и да
се испразнат.
Приказ на состојбата на наполнетост
Приказот на состојбата на наполнетост 4 на екранот ја
покажува состојбата на наполнетост на акумулаторот одн.
батериите:
Веднаш заменете го неисправниот акумулатор или
празните батерии.
Работење со ротациониот држач RM 2
(види слики A1A3)
Со помош на ротациониот држач 22 можете да го вртите
мерниот уред околу централната и секогаш видлива точка
на вертикала за 360°. Со тоа точно се усогласуваат ласерс-
ките линии, без да ја промените позицијата на мерниот уред.
Со завртката за фино подесување 23 можете да усогла-
сите вертикални ласерски линии точно на референтните
точки.
Поставете го мерниот уред со водечкиот жлеб 17 на
шината водилка 19 на ротациониот држач 22 и притиснете
го мерниот уред до крај на платформата.
За да го извадите, извлечете го мерниот уред во обратен
правец од ротациониот држач.
Можности за позиционирање на ротациониот држач:
во исправена положба на рамна површина,
прицврстен на вертикална површина,
–со помош на магнет 20 на метална површина,
поврзан со метална стега 24 на метални тавански
лајсни.
Употреба
Ставање во употреба
Заштитете го мерниот уред од влага и директно
изложување на сончеви зраци.
Не го изложувајте мерниот уред на екстремни
температури или осцилации во температурата.
Напр. не го оставајте долго време во автомобилот. При
големи осцилации во температурата, оставете го
мерниот уред најпрво да се аклиматизира, пред да го
ставите во употреба. При екстремни температури или
осцилации во температурата, прецизноста на мерниот
уред може да се наруши.
Избегнувајте ги ударите и превртувањата на
мерниот уред. По силни надворешни влијанија на
мерниот уред, пред да го употребите за работа,
секогаш извршете проверка на точноста (види
Точност при нивелирање“).
Исклучете го мерниот уред за време на транспортот.
При исклучувањето, се блокира осцилирачката
единица, која би се оштетила при интензивни движења.
Вклучување/исклучување
За Вклучување на мерниот уред притиснете го прекину-
вачот за вклучување/исклучување 18 во позиција
„“( за работење без автоматика за нивелирање) или
во позиција „“ (за работење со автоматика за
нивелирање).
Веднаш по вклучувањето, мерниот уред пушта ласерски
линии од излезните отвори 1.
Не го насочувајте зракот светлина на лица или
животни и не погледнувајте директно во него, дури
ни од голема оддалеченост.
За Исклучување на мерниот уред притиснете го прекину-
вачот за вклучување/исклучување 18 во позиција „“.
При исклучување, осцилирачката единица се блокира.
Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и
исклучете
го по употребата. Другите лица може да се
заслепат од ласерскиот зрак.
При пречекорување на највисоката дозволена работна
температура од 50 °C се исклучува заради заштита на
ласерската диода. Откако ќе се олади, мерниот уред е
повторно подготвен за работа и може одново да се вклучи.
Автоматика на исклучување
Доколку околу 120 мин. не се притисне ниедно копче на
мерниот уред, тој се исклучува автоматски заради заштита
на батериите.
За да го вклучите мерниот уред веднаш по автоматското
исклучување, можете или најпрво да го притиснете
прекинувачот за вклучување/исклучување 18 во
позиција „“ и потоа повторно да го вклучите мерниот
уред, или да притиснете на копчето 8.
Деактивирање на автоматиката за исклучување
За да ја деактивирате автоматиката за исклучување,
држете го притиснато копчето 8 на мерниот уред најмалку
3 s. Доколку автоматиката за исклучување е
деактивирана, ласерските линии кратко трепкаат за
потврда.
Напомена: Ако работната температура ја надминува
45 °C , автоматиката за исклучување не може да се
деактивира.
По следното исклучување и вклучување на мерниот уред
автоматиката за исклучување одново се активира.
Подесување на начинот на работа
(види слики B1F1)
Мерниот уред има повеќе начини на работа, кои може да
ги промените било кога:
Режим на вкрстени линии и точкест режим: Мерниот
уред произведува хоризонтална и вертикална ласерска
линија нанапред, како и вертикална ласерска точка
нагоре и надолу.
Ласерските линии се вкрстуваат под агол од 90°.
Хоризонтален линиски режим: Мерниот уред
произведува хоризонтална ласерска линија нанапред.
ЛЕД светло Состојба на наполнетост
Трајно зелено светло 10075 %
Непрекинато жолто светло 7535 %
Трепкаво црвено светло <35 %
Нема светло Дефектна батерија
Празни батерии
OBJ_BUCH-2870-004.book Page 232 Monday, February 27, 2017 3:47 PM