operation manual

Македонски | 229
Bosch Power Tools 1 609 92A 2U5 | (27.2.17)
Држете ги мерниот уред и ротациониот држач RM 2
подалеку од магнетни носачи на податоци и уреди
осетливи на магнет. Поради влијанието на магнетите
од мерниот уред и ротациониот држач може да дојде до
неповратни загуби на податоците.
Пред било каква интервенција на мерниот уред
(напр. монтажа, одржување итн.) како и при негов
транспорт и одржување извадете ги батериите од
мерниот уред. При невнимателно ракување со
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток
спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од
долготрајно изложување на сончеви зраци,
оган, вода и влага. Инаку, постои опасност од
експлозија.
Н
еупотребената батерија држете ја подалеку од
канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари,
клинци, шрафови или други мали метални пред-
мети, што може да предизвикаат премостување на
контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата
може да предизвика изгореници или пожар.
При погрешно користење, може да истече течноста
од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку
случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете
ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со
очите, побарајте лекарска помош. Истечената
течност од батеријата може да предизвика кожни
иритации или изгореници.
Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
Батериите полнете ги со полначи што се
препорачани исклучиво од производителот.
Доколку полначот кој е прилагоден на еден соодветен
вид батерии, го користите со други батерии, постои
опасност од пожар.
Користете батерии кои се соодветни на Вашиот
производ од Bosch. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или одвртувач или надворешно
влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
Внимание! При користењето на мерниот уред со
Bluetooth® може да настанат пречки на другите
уреди и системи, авиони и медицински апарати (на
пр. пејсмејкер, апаратчиња за слушање). Исто така
не може сосема да се исклучат штетните влијани
ја
на луѓето и животните во непосредната околина. Не
го користете мерниот уред со Bluetooth® во близина
на медицински уреди, бензински пумпи, хемиски
уреди, области со опасност од експлозија и во
близина на мински полиња. Не го користете мерниот
уред со Bluetooth® во авиони. Избегнувајте долгот-
рајна употреба во директна близина на телото.
Bluetooth®-ознаката со зборови, како и сликите
(логоата) се регистрирани трговски марки и
сопственост на Bluetooth SIG, Inc. Секое користење на
оваа ознака со зборови/слики се врши со лиценца
преку Robert Bosch Power Tools GmbH.
Опис на производот и моќноста
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на мерниот уред, и држете ја отворена додека го читате
упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Мерниот уред е наменет за одредување и проверка на
хоризонтални и вертикални линии, како и точки на
вертикалата.
Со помош на ротациониот држач RM 2 можете да го вртите
мерниот уред околу централната и секогаш видливата
точка на вертикалата за 360°. Со тоа точно се усогласуваат
ласерските линии, без да ја промените позицијата на
мерниот уред.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на мерните апарати на графичката страница.
1 Излезен отвор за ласерскиот зрак
2 Приказ Bluetooth®-врска
3 Bluetooth®-копче
4 Состојба на наполнетост на акумулаторот/батериите
5 Приказ за работење без автоматика за нивелирање
6 Копче режим на приемник
7 Приказ режим на приемник
8 Копче за ласерскиот вид на работа
9 Батерија*
10 Обвивка за батерискиот адаптер*
11 Батерии*
12 Копче за отклучување на акумулатор/батериски
адаптер/поклопец на преградата за батерии*
13 Капаче за затворање на батерискиот адаптер*
14 Натпис за предупредување на ласерот
15 Сериски број
16 Прифат на стативот 1/4"
17 Водечки жлеб
18 Прекинувач за вклучување/исклучување
19 Шина водилка
20 Магнет
21 Издолжени отвори за прицврстување
22 Ротационен држач (RM 2)*
23 Завртка за фино подесување на ротирачката
платформа
24 Метална стега (BM 3)*
25 Универзален држач (BM 1)*
OBJ_BUCH-2870-004.book Page 229 Monday, February 27, 2017 3:47 PM