E-Manual

83
Зен Врска
9
9 Зен Врска
Запознавање со Зен Врска
Останете поврзани со ексклузивната Зен Врска за ASUS за максимална продуктивност. Со
апликациите на Зен Врска може да се поврзете со други уреди за да споделувате и примате
датотеки.
Вашата Зен Врска се состои од следниве апликации: Сподели Врска и Далечинска Врска.
ЗАБЕЛЕШКА: Некои од апликациите на Зен Врска може да не се достапни на вашиот ASUS
телефон.
Сподели Врска
Споделувајте и добивајте датотеки, апликации или медиумски содржини со мобилните уреди
Android користејќи ја апликацијата Сподели Линк (за ASUS мобилни уреди) или апликацијата
СПОДЕЛИго (за другите мобилни уреди) преку Wi-Fi хот-спот. Со оваа апликација, вие може да
испраќате или примате датотеки што се поголеми од 100 МБ и ви дозволува да споделувате
или примате повеќе датотеки во исто време. Апликацијата Сподели Врска испраќа и прима
датотеки побрзо отколку со користење на Bluetooth.
Споделување датотеки
1. Од вашиот Почетен екран, допрете ZenLink (Зен Врска) > Share Link (Сподели Врска).
2. Допрете Send file (Испрати датотека) потоа одберете од опциите што се појавуваат на
екранот.