E-Manual
71
Глава 6: Вашите скапоцени моменти
Поставување фотографии на ѕидот за настани на вашиот Календар
Активирањето на оваа карактеристика во вашата Галерија ви овозможува да гледате
фотографии директно од настаните во вашиот Календар. На овој начин, може веднаш да ги
групирате направените фотографии според конкретното име на настанот.
1. Откако сте сликале фотографии од вашиот ASUS телефон, активирајте Gallery (Галерија).
2. Допрете
> Events wall (Ѕид на настани).
3. Допрете
на горниот десен агол на папката во која се наоѓаат фотографиите направени
во текот на настанот.
4. Изберете го настанот во Календар што сакате да го интегрирате со папката со фотографии.
5. Се појавува оваа
икона на горниот десен агол на папката со фотографии што укажува
дека фотографиите се успешно поставени на ѕидот на настанот.
6. Да ги видите фотографиите од настанот, отворете го настанот од апликацијата Календар, а
потоа допрете
.
ВАЖНО!
• Оваа карактеристика се активира само по поставувањето настани во Календар. За повеќе
детали за тоа како да поставите настани, видете Календар.
• Само фотографиите направени со камерата на вашиот ASUS телефон на истиот датум и време
како настанот во Календарот може да ја користат оваа карактеристика.