E-Manual

7
Основни податоци
1
1 Основни податоци
Добредојдовте!
Истражете ја интуитивната едноставност на ASUS Zen UI 2.0!
ASUS Zen UI 2.0 е шармантен и интуитивен интерфејс исклучиво за ASUS телефони.
Обезбедува посебни апликации кои се интегрирани во или со други апликации за да ги
исполни вашите единствени индивидуални потреби и да ви го направи животот полесен
додека воедно ви овозможува да се забавувате со вашиот ASUS телефон.
ASUS поддршка
Најдете одговори од ЧПП (често поставувани прашања) или дадете повратни
информации во форумот за корисници.
Камера
Со PixelMaster технологијата, забележете ги скапоцените моменти во живописни и
висококвалитетни фотографии и видеа.
Направи подоцна
Паузирајте и занимавајте се со вашите важни е-пораки, СМС-пораки, интересни веб-
страници или други важни задачи тогаш кога е поприкладно да го направите тоа.
Зен Врска
Добијте максимална продуктивност од Зен Врска, што се состои од апликациите
Далечинска Врска, и Сподели Врска. Користете која било од овие апликации да се
поврзете со други уреди за споделување и примање датотеки.
ЗАБЕЛЕШКА: Достапноста на апликацијата Зен Врска се разликува во зависност од
моделите на ASUS телефон.
ЗАБЕЛЕШКА: Достапноста на апликацијата на ASUS Zen UI 2.0 се разликува во зависност
од регионот и моделот на ASUS телефон. Допрете
од вашиот Почетен екран за да ги
проверите достапните апликации на вашиот ASUS телефон.