E-Manual
53
Глава 4: Секогаш достапни
Социјално вмрежување со вашите контакти
Интегрирањето на сметките на вашите контакти од социјалните мрежи ви олеснува да ги
погледнете нивните профили, новости и социјални навестувања. Бидете ажурирани за
активностите на вашите контакти во реално време.
ВАЖНО! Пред да може да ги интегрирате сметките на вашите контакти на социјалните мрежи,
треба да се пријавите на вашата сметка на социјалната мрежа и да ги синхронизирате нејзините
поставки.
Синхронизирање на сметката на вашата социјална мрежа
Синхронизирајте ја сметката на вашата социјална мрежа за да ги додадете сметките на
социјалната мрежа на вашите контакти во вашиот ASUS телефон
1. Направете нешто од следново за да ја активирате апликацијата Поставки:
• Активирајте Брзи поставки, а потоа допрете
.
• Допрете
> Settings (Поставки).
2. Од екранот Поставки, допрете ја сметката на вашата социјална мрежа под делот Сметки.
3. Штиклирајте Contacts (Контакти) за да ги синхронизирате сметките на вашите контакти на
социјалните мрежи.
4. Активирајте ја апликацијата Контакти за да го видите вашиот список на контакти.
5. За да ги видите само вашите контакти со сметки на социјална мрежа, допрете Contacts to
display (Прикажување на контакти) потоа отштиклирајте ги другите извори на контакти,
оставајќи го името на социјалната мрежа штиклирано.
6. Кога ќе завршите, допрете
или каде било на екранот.