E-Manual

49
Глава 4: Секогаш достапни
Управување со повеќе повици
Вашиот ASUS телефон ви овозможува воспоставување или преземање на два повика. Исто
така може да поставите конференциски повик што одговара за деловни состаноци, линии за
забава и други групни повици.
Одговарање на друг повик
Додека разговарате на вашиот ASUS телефон може да слушнете звучен сигнал, кој ве
известува за друг дојдовен повик. Допрете Answer (Одговори) на екранот на допир за да
примите дојдовен повик додека имате активен повик.
Снимање повици
Вашиот ASUS телефон ви овозможува да снимите разговор за идна употреба или
информација.
1. Повикајте контакт или бирајте број.
2. Допрете за да го снимите повикот.
ВАЖНО! Пред да го снимите повикот, бидете сигурни дека сте побарале дозвола од другата
страна или страни.
3. За да го запрете снимањето, допрете . Оваа икона се појавува на лентата за
системски известувања.
4. Одете на File Manager (Управник на датотеки) > Internal storage (Внатрешна меморија)
> PhoneRecord (Записи на телефон) за да го видите снимениот разговор.