E-Manual

33
Глава 3: Работи многу, забавувај се уште повеќе
Е-пошта
ДодадетеExchange,Gmail,Yahoo!Mail,Outlook.com,POP3/IMAPсметкизадаможеда
добивате, креирате и прегледувате е-пораки директно од вашиот уред. Исто така може да ги
синхронизирате вашите контакти од е-пошта од овие сметки на вашиот ASUS телефон.
ВАЖНО! Вашиот ASUS телефон мора да биде поврзан на Wi-Fi или на мобилна мрежа за да може
да додадете сметка за е-пошта или да испратите или да добиете е-пораки од додадените сметки.
За повеќе детали, видете Секогаш поврзани.
Поставување сметки за е-пошта
Поставете ја вашата постоечка приватна или службена сметка за е-пошта за да може да
добивате, читате и испраќате е-пораки од вашиот ASUS телефон.
1. Од почетниот екран, допрете Email (Е-пошта) за да ја активирате апликацијата Е-пошта.
2. Допрете на давателот на поштенската услуга што сакате да го поставите.
3. Запишете ја вашата адреса за е-пошта и лозинка и допрете Next (Следно).
ЗАБЕЛЕШКА: Почекајте додека вашиот уред автоматски ги провери поставките на вашиот сервер
за појдовни и дојдовни пораки.
4. Конфигурирајте Account settings (Поставки на сметка) како што е фрекфенцијата на
проверка на приемното сандаче, денови на синхронизација или известувања за дојдовни
е-пораки. Кога ќе завршите, допрете Next (Следно).
5. Запишете го името на сметката што сакате да биде прикажано во појдовните пораки, а
потоа допрете Next (Следно) за да се пријавите во вашето приемно сандаче.
ЗАБЕЛЕШКА: Доколку сакате да ја поставите вашата службена сметка на вашиот ASUS телефон,
побарајте ги поставките за е-пошта од вашиот мрежен администратор.
Додавање на сметки за е-пошта
Доколку немате постоечка сметка за е-пошта, може да креирате таква за да може да добивате,
читате и испраќате е-пораки директно од вашиот ASUS телефон.
1. Од почетниот екран, допрете Email (Е-пошта) за да ја активирате апликацијата Е-пошта.
2. Допрете
> Settings (Поставки), а потоа додадете сметка за е-пошта.
3. Допрете го давателот на поштенска услуга што сакате да го додадете
4. Следете ги последователниве упатства за да завршите со поставувањето на вашата нова
сметка за е-пошта.
ЗАБЕЛЕШКА: Исто така може да погледнете од чекор 3 до 5 во делот Поставување сметки за
е-пошта за да ја завршите оваа поставка на поставување.