E-Manual
32
Глава 3: Работи многу, забавувај се уште повеќе
Споделување страници
Споделувајте интересни страници од вашиот ASUS телефон со другите преку сметка за
е-пошта, сметка за складирање во облак, Bluetooth, или други апликации на ASUS телефон.
1. Активирајте го прегледувачот.
2. Од веб-страница, допрете
> Share link (Сподели врска).
3. Допрете ја сметката или апликацијата што сакате да ја користите како медиум при
споделувањето на страницата.
Обележување страници
Обележете ги вашите омилени страници или веб-страници за да може да се вратите назад и
повторно да ги прегледате.
За да обележите страница:
Од страницата, допрете
> Save to bookmarks (Зачувај во обележувачи). Следниот пат кога
ќе го отворите прегледувачот, може брзо да допрете на вашата обележана страница.
Чистење на кешот на прегледувачот
Исчистете го кешот на пребарувачот за да избришете привремени интернет датотеки, веб-
страници и колачиња што се привремено зачувани во вашиот ASUS телефон. Ова помага да се
подобрат перформансите за вчитување на вашиот прегледувач:
1. Активирајте го прегледувачот.
2. Допрете
> Settings (Поставки) > Privacy & security (Приватност и безбедност) > Clear
cache (Исчисти кеш).
3. Кликнете OK (ВО РЕД) на пораката за потврдување.