E-Manual
30
Глава 2: Нема друго место како дома
Прилагодување на копчињата за брз пристап
Стандардно, вашиот заклучен екран вклучува копчиња за брз пристап за следниве апликации:
Телефон, Пораки и Камера. Сменете ги овие стандардни поставки и прилагодете ги овие
копчиња за да активирате други апликации на заклучениот екран користејќи ги следниве
чекори:
1. Активирајте Брзи поставки, а потоа допрете
.
2. Лизгајте надолу по екранот Settings (Поставки) и изберете Lock screen (Заклучен екран.)
3. Под екранот Брз пристап, изберете кое копче сакате да го прилагодите
4. Допрете ја апликацијата што би сакале однапред да ја поставите на копчето за брз пристап
што ќе изберете да го конфигурирате.
ЗАБЕЛЕШКА: Лизгајте нагоре или надолу за да го видите тековниот список на апликации што
може однапред да се постават.
5. Држете го и повлечете го копчето за брз пристап за да го преуредите нивниот ред.