E-Manual
23
Глава 2: Нема друго место како дома
Брзи поставки
Панелот Брзи поставки обезбедува пристап со еден допир до некои од безжичните
карактеристики и поставки на вашиот ASUS телефон. Секоја од овие карактеристики е
претставена со копче.
За да се активира панелот Брзи поставки, поминете со прст надолу од горниот десен агол на
вашиот ASUS телефон.
ЗАБЕЛЕШКА: Сино копче укажува дека карактеристиката е тековно активирана додека
сиво копче укажува дека карактеристиката е деактивирана. Зелените копчиња се однесуваат на
поединечни услужни програми до кои може брзо да пристапите преку панелот за известување за
брзи поставки.
Допрете ги овие копчиња да ги активирате или
деактивирате нивните функции.
Лизгајте лево или десно да ја прилагодите осветленоста на
екранот
Допрете за да отворите Settings (Поставки)
Поминете со прстот нагоре за да се префрлите во панелот за
системски известувања
Допрете да активирате екран за прикажување поставки