E-Manual
2
Грижа и безбедност
Упатства
Безбедноста во текот на возењето е на прво место. Силно ви препорачуваме
да не го користите вашиот уред додека возите или ракувате со каков било тип
возило.
Овој уред треба да се користи само во околина со температури меѓу 5°C (41°F) и
35°C (95°F).
Исклучете го уредот во области со ограничувања каде користењето на мобилни
уреди е забрането. Секогаш почитувајте ги правилата и прописите кога се
наоѓате во области со ограничувања, како на пример, во авион, кино, во болници
или блиску до медицинска опрема, во близина на бензин или нафта, градилишта,
места на кои се одвиваат минирања и други области.
Користете само AC адаптери и кабли одобрени од ASUS за употреба со овој
уред. Проверете ја етикетата со наведена моќност на долниот дел на уредот
и осигурете се дека вашиот адаптер за напојување одговара на наведената
моќност.
Не употребувајте оштетени кабли за напојување, додатоци и други периферни
уреди со вашиот уред.
Чувајте го уредот сув. Не користете го и не изложувајте го уредот во непосредна
близина на течности, дожд или влага.
Уредот може да минува низ машини со рендген зраци (како оние што се користат
на лентите за проверка на товар за аеродромска безбедност), но не изложувајте
го уредот на магнетни детектори и медицински уреди.
Екранот на уредот е од стакло. Ако стаклото се скрши, престанете да го
користите уредот и не допирајте ги делчињата скршено стакло. Веднаш
испратете го уредот за поправка кај квалификуван сервисен персонал за ASUS.
Не слушајте на високо ниво на звук подолго време за да спречите можно
оштетување на слухот.
Исклучете го напојувањето со електрична енергија пред да го чистите уредот.
Користете само чист целулозен сунѓер или еленска кожичка при чистењето на
екранот на вашиот уред.
Испратете го уредот за поправка само кај квалификуван сервисен персонал за
ASUS.
MK11071
Март 2016 година,
Прво издание