E-Manual
17
Глава 1: Основни податоци
Совети за зачувување на батеријата
Наполнетоста на батеријата е од суштинско значење за вашиот ASUS телефон. Подолу се
дадени некои совети за зачувување на батеријата што ви овозможуваат зачувување на
напојувањето на батеријата на вашиот ASUS телефон.
– Затворете ги сите апликации што се извршуваат, а кои не се користат.
– Кога не го употребувате, притиснете го копчето за напојување за да го ставите уредот
во режим на спиење.
– Активирајте Паметно штедење во апликацијата Штедење на енергија.
– Поставете го аудиото на Паметен режим.
– Намалете ја осветленоста на екранот.
– Задржете го нивото на звукот на пониско ниво.
– Исклучете Wi-Fi.
– Исклучете Bluetooth.
– Исклучете автоматско ротирање на екранот.
– Исклучете ги сите автоматски синхронизирања кај вашиот уред.