Operation Manual
Монтажа
469606_a 241
Монтирање на сечилото
види сл. 5
1 Моторната коса поставете ја така што
работното вратило покажува нагоре.
2 Алатката за сечење поставете ја на делот
за притисок (1).
ADVICE
За центрирање на сечилото,
издигнувањето на делот за притисок
мора да биде точно во отворот на
сечилото.
3 Монтирајте ја подлошката за притисок (2).
4 Поставете ја контролата на брзината (3) и
навртете ја безбедносната навртка (4) на
вратилото.
ADVICE
Внимание - леви навои - затегнете
ги спротивно од стрелките на
часовникот!
Притоа внимавајте сите делови да
бидат центрирани!
5 Блокирајте го вратилото со помошна игла
(5) и зацврстете ја навртката
ИЗВЕСТУВАЊЕ!
Во случај кога безбедносната навртка
(4) поради честото разлабавување
и затегнување станала мазна,
задолжително мора да се замени!
Контролирајте ја цврстата и центрираната
положба на сечилото.
Монтирање на главата на ножот
(слика 7)
1. Се отстрануваат шината и прирабницата.
2. Хексагоналниот клуч се вметнува во
отворот на подвижниот диск и со вртење
налево се зашрафува главата на ножот на
водечката игла на погонското вратило.
3. Подвижниот диск се заклучува со
хексагоналниот клуч, за да се навлече
главата на ножот.
Поставување на раменскиот ремен
види cлика 10
1. Раменскиот ремен најпрво се става преку
левото рамо.
2. Куките за затварање се закачуваат во
окото.
3. Се проверува должината на раменскиот
ремен со неколку осцилаторни движења,
без да се активира моторот.
Главата на ножот за сечење или
сечилото треба да се одвиваат
паралелно кон тлото.
ИЗВЕСТУВАЊЕ!
Секогаш употребувајте го ременот за
носење на рамо додека работите.
Закачете го ременот за носење на
рамо дури откако моторот е стартуван
и машината работи во празен од.
ГОРИВО И ТЕЧНОСТ НИВОА
Безбедност
ПРЕДУПРЕДУВAЊЕ!
Опасност од пожар! Бензинот има
висок степен на запаливост!
Чувајте го бензинот само во садови
наменети за тоа
Точете гориво само на отворено
При точење не пушете
Не го отворајте затворачот од
резервоарот додека моторот работи, ниту
додека моторот е топол
Заменете го оштетениот резервоар или
затворачот за резервоар
Секогаш затворајте го цврсто капачето од
резервоарот
Ако има истечено бензин:
Не го стартувајте моторот
Избегнувајте обиди за палење
Исчистете го уредот
ПРЕДУПРЕДУВAЊЕ!
Никогаш не го оставајте моторот
да работи во затворени простории.
Опасност од труење!
ПУШТАЊЕ ВО РАБОТА
ИЗВЕСТУВАЊЕ!
Пред пуштање во работа секогаш
извршете визуелна проверка.
Уредот не смее да се користи со лабаво,
оштетено или изабено сечило и/или
делови за зацврстување.