User manual
тековните прописи за монтажа.
Внимавајте на условите кои се
дадени за соодветната вентилација.
2.2 Употреба
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Постои опасност од повреда,
изгореници или струен удар.
• Отсранете ја целата амбалажа,
етикетата и заштината фолија (ако
е применливо) пред првата
употреба.
• Овој апарат користете го само во
домашни услови
• Не менувајте ги спецификациите на
овој апарат.
• Не оставајте го апаратот без надзор
додека работи.
• Не ракувајте со апаратот со влажни
раце или кога тој има контакт со
вода.
• Не ставајте прибор за јадење или
капаци од тенџериња на ринглите.
Тие може да станат жешки.
• Поставувајте ги ринглите на
„исклучено“ по секоја употреба.
• Не користете го апаратот како
работна површина или како
површина за оставање предмети.
• Кога ставате храна во жешко масло,
може да прска.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од пожар или
експлозија.
• При загревање, маснотиите и
маслото можат да испуштаат
запаливи пареи. Држете го огнот
или загреаните предмети подалеку
од маснотиите и маслата кога
готвите со нив.
• Пареата што ја испушта маслото
коешто е многу жешко може да
предизвика спонтано запалување.
• Искористеното масло кое може да
содржи остатоци од храна, може да
предизвика пожар на пониска
температура од маслото што се
користи за прв пат.
• Не ставајте запаливи производи или
предмети натопени со запаливи
средства во, блиску до, или на
апаратот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од оштетување на
апаратот.
• Не чувајте жешки садови за
готвење на контролната табла.
• Не оставајте ги садовите за говење
да вријат на суво.
• Внимавајте предметите или
садовите за готвење да не паднат
на апаратот. Може да се оштети
површината.
• Не вклучувајте ги ринглите со
празни садови за готвење или без
садови за готвење.
• Не ставајте алуминиумска фолија
на апаратот.
• Не дозволувајте кисели течности,
како што е оцетот, лимоновиот сок
или средствата за отстранување
бигор да допрат до површината за
готвење. Тоа може да ја оштети
глазурата и сјајот.
• Овој апарат е наменет само за
готвење. Не употребувајте го
апаратот за друга намена, на
пример за загревање на соба.
• Употребата на апарат за готвење на
гас произведува топлина и влага.
Обезбедете добра вентилација во
собата каде е монтиран апаратот.
• Погрижете се отворите за
вентилација да не бидат блокирани.
• Продолженото интензивно
користење на апаратот може да
бара дополнителна вентилација, на
пример, отворање прозорец или
поефикасна вентилација, односно
зголемување на јачината на
механичката вентилација, онаму
каде што ја има.
• Користете само стабилни садови за
готвење со правилен облик и
дијаметар не поголем од
димензиите на пламениците.
Постои ризик од прегревање и
пукање на стаклената површина
(ако е применливо).
• Потрудете се пламенот да не се
изгасне кога брзо ќе го свртите
копчето од максималната во
минималната положба.
МАКЕДОНСКИ 35