User manual
ВНИМАНИЕ!
Неправилната положба на
филтрите може да
предизвика лоши
резултати при миењето и
може да го оштети
апаратот.
11.4 Чистење на горната
прскалка
Ви препорачуваме да ја чистите
редовно горната прскалка за да
избегнете нечистотијата да ги затнува
дупките.
Затнатите дупки може да
предизвикуваат незадоволителни
резултати при миењето.
1. Извлечете ја горната корпа
целосно.
2. За да ја извадите прскалката од
корпата, притиснете ја прскалката
нагоре во правец прикажан со
долната стрелка и истовремено
свртете ја надесно.
3. Измијте ја прскалката под чешма.
Употребете тенок остар алат, на
пр. чепкалка за да ги извадите
делчињата нечистотија од дупките.
4. За да ја ставите прскалката во
корпата, притиснете ја прскалката
нагоре во правец прикажан со
долната стрелка и истовремено
свртете ја налево.
www.aeg.com22










