User manual
за миење во машина за миење
садови.
• Не ставајте во апаратот предмети
кои се направени од дрво, габрово
дрво, алуминиум, калај и бакар.
• Не ставајте во апаратот предмети
што впиваат вода (сунѓери,
домашни алишта).
• Извадете ги сите остатоци од храна
од садовите.
• Накиснете ги садовите за готвење
со загорена храна пред да ги
измиете во апаратот.
• Ставете ги шупливите предмети
(шолји, чаши и тави) со отворот
надолу.
• Внимавајте чашите да не допираат
други чаши.
• Ставете ги лесните предмети во
горната корпа. Погрижете се
предметите да не се движат.
• Ставете го кујнскиот прибор и
помалите предмети во фиоката за
приборот за јадење.
• Проверете дали прскалките може
да се движат слободно пред да
почнете програма за миење.
10.5 Пред започнување
програма
Погрижете се:
• Филтрите да се чисти и правилно
монтирани.
• Капакот на садот за сол да е цврсто
затворен.
• Прскалките да не се затнати.
• Да има сол за машини за миење
садови и средство за плакнење
(освен ако не користите мулти
таблети).
• Предметите да се правилно
поставени во корпите.
• Програмата којашто ја користите да
важи за видот на садовите и за
степенот на извалканост.
• Да се користи правилна количина
на детергент.
10.6 Празнење на корпите
1. Оставете ги садовите да се
изладат пред да ги вадите од
апаратот. Жешките садови лесно
се оштетуваат.
2. Првин испразнете ја долната
корпа, а потоа горната.
На крајот од програмата на
рабовите или на вратата
од апаратот може да има
вода.
11. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Пред одржување,
исклучете го апаратот и
извадете го штекерот за
струја од приклучницата.
Валканите филтри и
затнатите прскалки може
да ги намалат резултатите
од миењето. Правете
редовни проверки и,
доколку е потребно,
исчистете ги.
11.1 Чистење на
внатрешноста
• Внимателно исчистете го апаратот,
вклучувајќи ги и гумениот дихтунг
на вратата, со мека влажна крпа.
• За апаратот да може да дава добри
резултати постојано, употребете
средство за чистење специјално
направено за машина за миење
садови најмалку на секои два
месеци. Следете ги внимателно
упатствата на амбалажата на
производот.
• Употребете ја програмата за
добивање на оптимални резултати
при чистењето.
• Не користете абразивни средства,
абразивни крпи, остри алати,
сунѓери со жица или растворувачи.
• Редовно користење на кратки
програми може да предизвика
наталожување на маснотија и бигор
во внатрешноста на апаратот.
Пуштете ги долготрајните програми
www.aeg.com20










