User manual

8.1 Сад за сол
ВНИМАНИЕ!
Користете необработена
сол направена специјално
за машини за миење на
садови. Обработената сол
го зголемува ризикот од
корозија.
Солта се користи за промена на јоните
во омекнувачот за вода за да се
осигураат добри резултати при
перењето во секојдневната употреба.
Како да го наполните садот
за сол
1. Свртете го капачето на садот за
сол налево и извадете го.
2. Ставете 1 литар вода во садот за
сол (само првиот пат).
3. Наполнете го садот со специјална
сол за машина за миење садови
(се додека не се наполни).
4. Внимателно протресете ја инката
со рачката за гранулите да влезат
внатре.
5. Отстранете ја солта околу отворот
на садот за сол.
6. Завртете го капачето од садот за
сол надесно за да го затворите
садот за сол.
ВНИМАНИЕ!
Вода и сол може да
излезат од садот за сол
кога го полните. Откако сте
го наполниле садот со сол,
веднаш започнете ја
најкратката програма за да
спречите корозија. Не
ставајте чинии во корпите.
8.2 Како да го наполните
дозерот за средство за
плакнење
A
B
C
ВНИМАНИЕ!
Користете само специјално
средство за плакнење за
машини за миење садови.
1. Отворете го капакот (C).
2. Наполнете го дозерот (B) се
додека средството за плакнење не
ја достигне ознаката „MAX''.
3. Отстранете го истуреното
средство за плакнење со впивлива
крпа за да спречите преголемо
пенење.
4. Затворете го капакот. Внимавајте
капакот да биде затворен на
својата позиција.
Наполнете го дозерот за
средство за плакнење кога
показното светло (A) е
безбојно.
www.aeg.com16