User manual

Table Of Contents
Валканите филтри и
затнатите прскалки може
да ги намалат резултатите
од миењето. Правете
редовни проверки и,
доколку е потребно,
исчистете ги.
11.1 Чистење на
внатрешноста
Внимателно исчистете го апаратот,
вклучувајќи ги и гумениот дихтунг
на вратата, со мека влажна крпа.
За апаратот да може да дава добри
резултати постојано, употребете
средство за чистење специјално
направено за машина за миење
садови најмалку на секои два
месеци. Следете ги внимателно
упатствата на амбалажата на
производот.
Употребете ја програмата
за
добивање на оптимални резултати
при чистењето.
Не користете абразивни средства,
абразивни крпи, остри алати,
сунѓери со жица или растворувачи.
Редовно користење на кратки
програми може да предизвика
наталожување на маснотија и бигор
во внатрешноста на апаратот.
Пуштете ги долготрајните програми
најмалку два пати месечно за да
спречете наталожување.
11.2 Надворешно чистење
Чистете го апаратот со мека,
влажна крпа.
Користете само неутрални
детергенти.
Не користете абразивни средства,
сунѓери со жица или растворувачи.
11.3 Чистење на филтрите
Системот за филтри е направен од 3
дела.
C
B
A
1. Свртете го филтерот (B) спротивно
од насоката на стрелките на
часовникот и извадете го.
2. Извадете го филтерот (C) од
филтерот (B).
3. Извадете го рамниот филтер (A).
4. Исчистете ги филтрите.
www.aeg.com20