User manual

Производителот не сноси одговорност за направена
повреда или штета кои се резултат на неправилна
монтажа или употреба. Секогаш чувајте ги
упатствата на сигурно и безбедно место за
подоцнежна употреба.
1.1 Безбедност на деца и ранливи лица
Апаратот може да го користат деца од 8 годишна
возраст и нагоре и лица со попреченост во
развојот ако им се дадени упатства и/или им е
даден надзор за да можат да го користат апаратот
со сигурност и да ги разберат потенцијално
вклучените ризици.
Не дозволувајте им на децата да играат со
апаратот.
Чувајте ги сите детергенти настрана од дофат на
деца.
Чувајте ги децата и домашните миленичиња
настрана од вратата на апаратот кога е отворена.
Децата не треба да го чистат или да го оддржуваат
апаратот без надзор.
1.2 Општа безбедност
Овој апарат е наменет за употреба во домаќинство
и за други слични примени, како на пр.:
фарми; кујнски простор за вработени во
продавници, канцеларии и други работни
околини;
од страна на клиенти во хотели, мотели,
сместување на база спиење со појадок и друг
вид на сместувачки објекти.
Не менувајте ги спецификациите на овој апарат.
Водениот притисок кој што е во употреба
(минимален и максимален) мора да биде помеѓу
0.5 (0.05) / 8 (0.8) bar (Mpa)
Исполнете го максималниот број на 9 поставки за
маса.
МАКЕДОНСКИ 3