User manual
Машината за садови има ногалки што може да се нагодуваат заради
порамнување на висината.
За време на работи што вклучуваат пристап до внатрешните компоненти,
мора да го извлечете утикачот од машината за миење садови.
При вметнување на машината, уверете се дека доводното и одводното
црево, како и напојниот кабел не се превиткани или пригмечени.
Прицврстување на соседни единици
Машината за миење садови мора да е обезбедена против навалување.
Поради тоа, уверете се дека работната површина, под која е монтирана
машината, е соодветно прицврстена на фиксна структура (соседни
кујнски елементи, шкафови, ѕид).
Нивелирање
Доброто нивелирање е од суштинско значење за правилно затворање и
заптивање на вратата. Кога уредот е правилно нивелиран, вратата нема
да зафаќа на нити една страна од кабинетот. Доколку вратата не се
затвора правилно, олабавувајте или затегнувајте ги ногарките сй додека
машината не е совршено нивелирана.
Поврзување на водоводот
Се препорачува приклучување на довод на ладна вода. Доколку ја
поврзете на довод на топла вода, максималната дозволена температура
е 60°C. Доводот на топла вода не е секојпат ефикасен кај многу
извалканите садови, бидејќи многу ги скратува програмите на миење.
За самото поврзување, навртката за спојување од доводното црево на
машината е конструирана да се наврти на грло на одвод од 3/4" или на
специјално иработена арматура за брзо спојување, како што е
притискачкиот блок.
Водениот притисок мора да биде во рамките на ганиците, дадени во
"Техничките спецификации". Просечниот притисок на водата во Вашето
подрачје ќе ја дознаете во Вашето претпријатие за снабдување со вода.
При поврзивањето, доводното црево не смее да се превиткува,
пригмечува или заплеткува.
Машината за миење садови има доводни и одводни црева кои, со помош
на контранавртка, можат да се завртат во лево или во десно, за да се
прилагодат на монтажата.
Контранавртката мора правилно да се приклучи за да се избегне
протекување на водата.
(Внимание! НЕМААТ сите модели на машини за миење садови доводни
и одводни црева опремени со контранавртка. Во таков случај, ова
олеснување не е можно). Доколку машината ја приклучувате на нови
цевки или на цевки кои не се користени подолго време, оставете ја водата
да тече неколку минути пред да го поврзете доводното црево.
НЕ користете црева кои претходно биле користени на некој стар уред.
86
Местење










