User manual
1. Проверете дали корпите се правилно наполнети и дали прскалките
можат слободно да се вртат.
2. Проверете дали е отворена славината за вода.
3. Притиснете го копчето за вклучување/исклучување. Машината за
миење садови мора да биде во режимот за поставување.
4. Притиснете го копчето за саканата програма (видете во табелата
"Програми за миење садови"). Затворете ја вратата на машината,
програмата почнува автоматски.
Поставување и почнување програма со одложено почнување
1. Откако ќе одберете програма за миење, притиснете го копчето за
одложено почнување додека не се појави бројот на часови за
одложено почнување на дигиталното екранче. Почетокот на
одбраната програма за миење може да се одложи од 1 до 19 часови.
2. Затворете ја вратата на машината, одбројувањето почнува
автоматски.
3. Одбројувањето е во чекори од 1 час.
4. Со отворање на вратата се прекинува одбројувањето. Затворете ја
вратата; одбројувањето ќе продолжи од местото на прекинување.
5. Кога ќе заврши одбројувањето, програмата за миење ќе почне
автоматски.
Откако почнала програма за миење, точкест оптички сигнал се појавува
на подот под вратата на машината.
Оптичкиот сигнал свети додека трае програмата.
Доколку апаратот е наместен повисоко и е ставена дополнителна дрвена
врата, оптичкиот сигнал не се гледа.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Прекинете или откажете програма за миење во тек САМО ако е апсолутно
неопходно. Внимание! Кога ќе ја отворите вратата може да излезе жешка
пареа. Отворајте ја вратата внимателно.
Откажување на започнато одложено почнување или програма за
миење
• Држете ги притиснати истовремено двете програмски копчиња над
зборот RESET додека не се запалат светлата на сите програмски
копчиња.
• Откажување на одложеното почнување подразбира и откажување на
поставената програма за миење. Во тој случај треба повторно да
поставите програма за миење.
• Ако треба да се одбере нова програма за миење, проверете дали има
детергент во дозерот.
Прекинување на тековна програма за миење
• Отворете ја вратата на машината; програмата ќе престане. Затворете
ја вратата; програмата ќе продолжи од местото на прекинување.
Одбирање и почнување програма за миење
79










