User manual
Функција за мулти-таблети
Овој уред е опремен со "функцијата Multi-tab", која овозможува користење
на детергент во таблети "Multi-tab".
Овие производи се детергенти со комбинирана функција на чистење,
плакнење и додавање сол. Тие може да содржат и други активни материи,
во зависност од видот на таблетите што ќе го одберете ("3 во 1", "4 во 1",
"5 во 1" итн...).
Проверете, дали овие детергенти се погодни за тврдостa на Вашата вода.
Погледнете ги упатствата на производителот.
Оваа функција може да се одбере кај сите програми за миење. Со бирање
на оваа функција, автоматски се деактивира навлегувањето на средство
за плакнење и сол од соодветниот сад, а се деактивираат и
индикаторските сијалици за сол и за средство за плакнење.
Одберете ја "функцијата Multi-tab" пред стартување на некоја програма
за миење.
Откако оваа функција ќе се одбере (индикаторската сијалица свети), таа
ќе остане активна и за следните програми за миење.
Со користење на "функцијата Multi-tab", траењето на циклусот може да се
измени. Во тој случај, на дигиталниот дисплеј автоматски се ажурира
приказот на времето на траење на програмата.
Откако програмата ќе почне со работа, "функцијата Multi-tab", НЕ може
повеќе да се менува.. Ако сакате да ја исклучите "функцијата Multi-tab"
треба да го откажете нагодувањето на програмата, па потоа да ја
деактивирате "функцијата Multi-tab".
Во тој случај треба повторно да нагодите програма за миење (и саканите
опции).
Активирање/деактивирање на функцијата за мулти-таблети (Multi-
tab)
Држете ги притиснати истовремено двете копчиња за мулти-таблети (D
и E ) додека не се запали показното светли за мулти-таблети. Тоа значи
дека функцијата е активна.
За да ја исклучите функцијата, притиснете ги истите копчиња повторно
додека показното светло за функцијата за мулти-таблети не се изгасне.
Доколку резултатите на сушење не се задоволувачки, предлагаме да го:
1. наполните дозаторот со средството за плакнење.
2. го активирате го дозаторот за средството за плакнење.
3. нагодите дозирањето на средство за плакнење на положба 2.
• Активирањето/деактивирањето на дозаторот за средството за
плакнење е можно само кога "функцијата Multi-tab" е активна.
Активирање/деактивирање на дозаторот за средството за плакнење
1. Притиснете го копчето On/Off (вклучување/исклучување). Машината
за миење садови мора да биде во режимот на нагодување.
2. Истовремено притиснете ги копчињата B и C , сй додека сијалиците
од копчињата A , B и C не почнат да трепкаат.
76
Функција за мулти-таблети










