User manual
= Звучните сигнали се исклучени
= Звучните сигнали се активни
4. За да ја смените поставката, притиснете го повторно функциското
копче C : дигиталното екранче ќе ја покаже новата поставка.
5. За да ја меморирате поставката, исклучете ја машината за миење
садови.
Прво користење
Пред да ја користите машината за миење садови првпат:
• Проверете дали електричните и водоводните поврзувања се согласни
со упатствата за местење
• Отстранете ги сите материјали за пакување од внатрешноста на
апаратот
• Поставете го омекнувачот на вода
• Истурете 1 литар вода во садот за сол, па наполнете го со сол за
машини за миење садови
• Наполнете го дозерот со средство за плакнење
Доколку сакате да користите комбиниран детергент во таблети, како: "3
во 1", "4 во 1", "5 во 1" итн... нагодете ја функцијата Multi-tab (види
Функција Multi-tab).
Поставување на омекнувачот на вода
Машината за миење садови е опремена со омекнувач на вода
конструиран да ги отстранува минералите и солите од водата што би
можеле да му наштетат или да имаат негативно влијание врз работењето
на апаратот.
Колку е поголема содржината на минерали и соли, толку е потврда
вашата вода. Тврдоста на водата се мери со соодветни скали - германски
степени (°dH), француски степени (°TH) и mmol/l (милимол на литар -
меѓународна мерна единица за тврдоста на водата).
Омекнувачот треба да се регулира според тврдостa на водата во вашето
подрачје. Вашето локално водостопанство може да ви каже колкава е
тврдоста на водата во вашето подрачје.
Омекнувачот на водата мора да се постави на двата начина: рачно, со
помош на бирачот на тврдостa на водата, и електронски.
Тврдост на водата Регулирање на
поставките за тврдост на
водата
Користење
сол
°dH °TH mmol/l рачно електронск
и
51 - 70 91 - 125 9,1 - 12,5 2 ниво 10 да
66
Прво користење










