User manual
Функциски копчиња
Со овие копчиња може да се активираат следниве функции:
• поставување на омекнувачот на вода,
• прекинување на програма за миење или на започнато одложено
почнување,
• активирање/деактивирање на функцијата за мулти-таблети (Multi-tab)
• активирање/деактивирање на дозерот за средство за плакнење кога е
активна функцијата за мулти-таблети,
• активирање/деактивирање на звучните сигнали.
Режим за поставување
Апаратот е во режим за поставување кога светат сите светла на
програмските копчиња.
Запомнете дека кога ги вршите следниве работи:
• одбирање програма за миење
• поставување на омекнувачот на вода
• активирање/деактивирање на дозерот за средство за плакнење
• активирање/деактивирање на звучните сигнали
апаратот МОРА да биде во режимот за поставување.
Доколку се запали светлото на некое програмско копче, последната
извршена програма уште е поставена.
Во тој случај, за да се вратите во режимот за поставување, програмата
треба да се откаже.
Откажување на поставена или тековна програма : Држете ги притиснати
истовремено двете програмски копчиња над зборот RESET додека не се
запалат светлата на сите програмски копчиња. Програмата е откажана и
машината е во режим за поставување.
Звучни сигнали
Воведени се звучни сигнали како помош за одредување кои операции ги
врши апаратот:
• поставување на омекнувачот на вода
• завршување на програма за миење
• тревожење при неправилно функционирање на машината.
Фабричка поставка: звучните сигнали се активни.
Звучните сигнали може да се исклучат со функциските копчиња.
1. Притиснете го копчето за вклучување/исклучување . Апаратот мора
да биде во режимот за поставување .
2. Држете ги притиснати истовремено функциските копчиња B и C ,
додека светлата на функциските копчиња A , B и C не почнат да
трепкаат.
3. Притиснете го функциското копче C , светлата на функциските
копчиња A и B се гасат, додека светлото на функциското копче C
продолжува да трепка. Дигиталното екранче ја покажува
моменталната поставка.
Контролна табла
65










