User manual
Електрично поврзување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Безбедносните стандарди бараат овој уред за биде заземјен.
Пред да го користите уредот за првпат, уверете се дека номиналниот
напон и видот на напојувањето, наведени на плочката со податоци,
одговараат на напојувањето на местото на монтажа на уредот.
Номиналното осигурување исто така ќе го видите на плочката со
податоци.
Секогаш вметнувајте го утикачот во исправно монтирана шуко-
приклучница. Повеќенасочни утикачи, конектори и кабли за
продолжување не смеат да се користат.
Тоа може да претставува опасност од пожар поради прегревање.
Доколку е потребно, замнете ја приклучницата од домашната мрежа. Во
случај кога електричниот кабел мора да се замени, обратете се во Вашиот
локален сервисен центар.
Утикачот мора да е пристапен откако ќе се монтира уредот.
Никогаш не исклучувајте го уредот влечејќи го кабелот. Секогаш влечете
го утикачот.
Производителот не презема никаква одговорност при непочитување на
горенаведените безбедносни мерки.
Во интерес на животната средина
Отстранете го Вашиот истрошен уред според прописите кои важат во
Вашето место на живеење.
Амбалажа
Материјалите од амбалажата се еколошки подносливи и можат да се
рециклираат. Пластичните компоненти се идентификуваат по ознаки, на
пр., >PE<, >PS<, итн. Отстранувајте ги материјалите од амбалажата во
соодветниот контејнер, во комуналните објекти за отстранување на
отпад.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Кога уредот веќе нема да се користи:
• извлечете го утикачот од приклучницата.
• отсечете ги кабелот и утикачот и отстранете ги.
• Отстранете ја бравата на вратата. Со тоа ќе спречите децата да се
затворат внатре и да си го доведат животот во опасност.
Во интерес на животната средина
59










