User manual

Поврзувањето за отпадна вода мора да
биде на височина меѓу 30 см (минимум)
и 100 см (максимум) од дното на
машината за миење садови.
Цревото за одвод може да биде свртено
и кон десната, и кон левата страна на
машината.
Проверете цревото да не е извиткано
или смачкано бидејќи тоа може да го
спречи или забави испуштањето вода.
Приклучникот на лавабото не смее да
биде приклучен додека машината испушта вода бидејќи тоа може да
предизвика водата да се враќа во машината.
Ако користите продолжно црево за одвод, тоа не смее да биде подолго
од 2 метри и внатрешниот пречник не смее да биде помал од пречникот
на приложеното црево.
Исто така, внатрешниот пречник на спојките што се користат за
поврзување со одводот за отпад не смеат да бидат помали од пречникот
на приложеното црево.
Кога го поврзувате цревото за одвод со
низок приклучок за одвод, целата
пластична мембрана (А) мора да се
отстрани . Ако не се отстрани
мембраната, честичките храна ќе се
наталожуваат и со време ќе го затнат
одводот за вода на машината за миење
садови.
Нашите апарати се опремени со
безбедносен уред што штити од
враќање на валканата вода во машината. Ако одводот на вашето лавабо
има "неповратен вентил" вграден во него, тоа може да го спречи
правилното истекување на водата од машината. Затоа препорачуваме да
го извадите.
58
Местење